fbpx

Рекламации и поврат на производи

Обврска на Корисникот е да го провери производот при прием и доколку постојат одредени видливи недостатоци или несогласување во количеството на производите, има право да бара:

  • Замена со производ со соодветен квалитет на трошок на Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) или
  • Поврат на уплатените средства

Корисникот е должен при преземање на производите да ги прегледа истите и најдоцна во рок од 24 часа од примопредавањето да даде рекламација за евентуалните видливи недостатоци, како и за несогласувањето во количеството на производите.

За недостиг на производите нема да се смета неусогласеноста на боите (опишана во УСОГЛАСЕНОСТ НА БОИ ), како и несоодветноста на производите за определена намена, освен ако купувачот при нарачувањето го известил Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) за намената за која му се потребни производите.

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) ќе ги прифати уредно пријавените и основани рекламации на корисникот доставени во рок од 24 часа од приемот на нарачката. Рекламација подоцна од овој рок од 24 часа од прием на производот нема да биде прифатена. Производот што се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а во случај на прифатена рекламација, Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) ќе ги отстрани недостатоците во истиот рок кој бил предвиден за изработка / испорака. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени, односно не се во првобитната форма.

Во случај на поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. При уплата на фактура средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка што била искористена при плаќањето.

Искрено жалиме што не сте среќни со вашата нарачка. Без грижи, тука сме да помогнеме. Вашите забелешките евидентирајте ги во Барањето за враќање на производи подолу.

Барањата се процесираат од понеделник до петок од 09 до 16 ч. Бидете сигурни дека нашиот тим ќе ве исконтактира веднаш штом вашето барање дојде на ред.

Барање за враќање на производи