fbpx

Услови на користење

Почитувани корисници,

Добре дојдовте. Се надеваме дека ќе уживате во вашето искуство на MarudiBooks. Драго ни е што станувате дел од нашето семејство.

Овој Договор за правилата и условите за користење („Договор“, „Правила и услови за користење“, „Услови на користење“, „Услови“, „Услови за употреба“) е договор помеѓу вас („корисникот”) и ДПТУ Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) („MarudiBooks”, „ние”) со седиште на ул. „Мите Богоевски“ бр. 73А, Скопје, со ЕМБС 7049854. Условите за користење претставуваат обврзувачки правен договор помеѓу вас како корисник и Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) .

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Со секое посетување, користење и купување на www.marudibooks.com, значи дека вие се согласувате со овој Договор и со нашата политика на приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, ве молиме да не ја користите оваа интернет-страница.

Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам” копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).

Општи одредби

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудиоматеријали, бази на податоци и програмерскиот код). Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување или на друг начин модифицирање на оваа веб-страница, без изречна писмена согласност на Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) може повремено да прави измени во Договорот, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавувањето на веб-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурите дека сте навремено информирани за сите промени. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) се обврзува да овозможи непречен пристап до веб-страницата 24/7, но ќе постојат случаи каде што тоа ќе биде оневозможено поради одржување на веб-страницата, поголеми поправки, пад на телекомуникациите како и други околности што не се под контрола на Марудибукс. Во секој случај, Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) се обврзува да ги минимизира овие прекини во работењето на сервисот.

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) има право, без претходна најава, да направи промени во кој било дел на оваа страница, како и да ја прекине работата на одделни делови на страницата или целата страница во секое време по сопствена одлука.

Политика и услови во врска со цените на производите

Цените на сите производи на веб-страницата www.marudibooks.com се изразени во денари. Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) не е ДДВ обврзник.

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците.

Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена.

Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Материјали што ги проследува корисниот

Личните податоци што ги проследувате до оваа веб-страница со цел купување производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, какви било незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите материјали, информации и фотографии што ги пренесувате или праќате на оваа локација, вашите лични податоци ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на вашите нарачки.

Вашите коментари, сугестии и други соопштенија што ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели.

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) се оградува од содржината на прикачените материјали на апликацијата од ваша страна. Доколку се утврди дека постојат незаконски прибавени содржини, профилот на корисникот ќе биде автоматски блокиран и пријавен кај надлежните институции.

Прочитајте повеќе во нашата Политика за заштита на податоци.

Кориснички блог

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) го задржува правото да ги отстрани пораките што содржат материјал за којшто сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на кој било друг начин неприфатлив.

Усогласеност на бои

Боите на нашите производи што ги гледате на вашиот уред (компјутер, таблет, мобилен телефон) може да се разликуваат од реалните бои на производот.

Постојат низа фактори што влијаат на точноста на боите дури и при тоа вашиот монитор да е калибриран, затоа ние не можеме да гарантираме 100 % точност на боите од вашиот екран со тие на отпечатениот примерок.

Основни правила за купување

Креирање на профил

За да ви биде овозможено купување на MarudiBooks.com мора да бидете регистриран корисник. За да се регистрирате потребно е во горниот десен агол да кликнете на НАЈАВА, при што се појавува формулар каде е потребно да ги внесете вашите податоци. Ова го правите само еднаш. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на КРЕИРАЈ ПРОФИЛ. На вашата е-адреса ќе пристигне линк кој е потребно да го кликнете за да ја комплетирате регистрацијата.

При создавањето на корисничкиот профил, вие сте одговорни за точноста на внесените податоци како и за:

  • Чувањето/(не)споделувањето на лозинката со трети лица.
  • Навремено известување за неовластено користење на корисничкиот профил
  • Асистенција при решавање на неовластено користење на кориснички профил

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

Избор на производи

На почетната страница поставено е главно мени каде може да изберете разгледување на производите. Со избор на ПРОИЗВОДИ се отвора ’паѓачко‘ мени со листа на сите категории достапни во онлајн-продавницата со соодветните групи производи кои спаѓаат во нив.

Со избор на некоја од категориите/групите производи ќе се отвори страница со достапни производи. Доколку сте ги пронашле производите што ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата.

Доколку сте заинтересирани за конкретен производ, може да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на производот и слично.

При преглед на производите што се достапни за купување, ќе можете да одберете параметри за да го приспособите производот според вашите желби и потреби.

При одбирање извор на фотографии, корисникот е должен да овозможи пристап на Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) до одредени информации за да можеме да ја реализираме вашата нарачка. Информациите и материјалите добиени со вашата авторизација ќе се користат исклучиво за изработка и процесирање на вашите нарачки и нема да се користат за ниедни други цели, ниту пак ќе бидат споделувани со трети страни.

Со притискање на полето ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА ќе бидете известени дека производот се наоѓа во вашата кошничка. Можно е повеќепати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи што сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб-страницата, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Нарачување производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата КОШНИЧКА да кликнете на копчето ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА што ќе ве пренасочи кон страницата НАПЛАТА И ДОСТАВА. Тука ги внесувате вашите податоци и го бирате начинот на наплата.

Кога сте подготвени да го извршите купувањето потребно е да одберете адреса на испорака и начин на плаќање. Од секоја нарачка се донира дел од средствата. Важно е да внесете точни податоци за доставата да може да се изврши непречено.

Во случај да сакате да ја измените нарачката, можете да се навратите со клик на полето ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Откако ќе ја одберете вашата најдрага кауза, кликнете ПРОДОЛЖИ и ќе ви се отвори страницата за процесирање наплата од НЛБ банка за наплата од картичка или ви се покажува страница за успешна нарачка доколку сте одбрале да платите со при-фактура.

Плаќање

Платежна картичка

Плаќањата можат да се реализираат преку фактура или со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала. (*Сите трансакции со „Дајнерс клуб“ кредитна картичка ќе бидат поделени на 12 рати. Доколку не сакате трансакцијата да биде поделена на 12 рати јавете се на бројот (02) 15 155)

Во текот на процесирање на онлајн-нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидете пренасочени до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

–      Број на платежната картичка

–      Име и презиме на носителот на картичката

–      Датумот на важност на картичката

–      CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), заради дополнителна потврда на достапноста на нарачаниот производ. Во работни денови авторизацијата се врши од 09.00 до 16.00 часот. Во тој период ќе добиете повратна информација дека купопродажбата е затворена.

Информациите за авторизацијата за купопродажбите по 16.00 часот во работни денови се доставуваат наредниот работен ден.

Информациите за авторизацијата за време на викенди и празници се доставуваат првиот работен ден.

Минибукс производите се наплаќаат исклучиво со авторизација за автоматски периодични наплати од вашата сметка, кои се наплатуваат непосредно пред креирање на вашата месечна книга. Доколку сакате наплатата да биде на фактура тогаш ќе треба да се уплатат средствата за 12 минибукс однапред.

Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме – НЛБ банка АД Скопје, која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и податоците од вашата платежна картичка не се видливи за нас.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери.

Про-фактура/уплатница

Доколку одберете опција за плаќање преку про-фактура (уплатница) веднаш по направената нарачка на вашата е-маил адреса ќе ви пристигне порака со податоци кои ви се потребни за да извршите уплата во банка или пошта. На уплатницата задолжително во полето „Цел на дознака“ потребно е да внесете „Број на нарачка“. Вкупниот износ на уплатата мора да биде еквивалентен на вкупниот износ од направената нарачка на нашата веб страница. Трошоците за провизија се обврска на клиентот. Нарачката ќе почне да се процесира на денот кога уплатата ќе биде потврдена од наша страна.

Вашиот ненаплатен проект го чуваме 10 дена од вашата нарачка, по што автоматски се брише од нашиот систем. По истекот на тие 10 дена ќе мора одново да го креирате вашиот дизајн за да го нарачате. Ве молиме не уплаќајте по истекот на 10 дена, бидејќи вашата нарачка нема да може да се процесира.

Услови за испорака

Рок на испорака е 5 до 12 работни дена. За време на сезонските намалувања и попусти, испораката може да трае повеќе време од вообичаено.

Доставата се врши на територија на Р. С. Македонија и тоа до влезот на станбениот објект и е бесплатна.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9.00 до 16.00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да ве побара на телефонскиот број што сте го внеле при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава. Цената за повторна достава е на ваш товар.

Корисникот има право на поврат на средства доколку Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) не успее да ги испорача производите во предвидениот рок, а за тоа не бил уредно известен.

Купувачот гарантира за точноста на податоците за испорака. Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни и поради тоа курирот не успеал да стапи во контакт со купувачот.

Рекламации, поврат на производи и средства

Обврска на Корисникот е да го провери производот при прием и доколку постојат одредени видливи недостатоци или несогласување во количеството на производите, има право да бара:

  • Замена со производ со соодветен квалитет на трошок на Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) или
  • Поврат на уплатените средства

Корисникот е должен при преземање на производите да ги прегледа истите и најдоцна во рок од 24 часа од примопредавањето да даде рекламација за евентуалните видливи недостатоци, како и за несогласувањето во количеството на производите.

За недостиг на производите нема да се смета неусогласеноста на боите (опишана во ставот УСОГЛАСЕНОСТ НА БОИ во овој документ), како и несоодветноста на производите за определена намена, освен ако купувачот при нарачувањето се договорил поинаку со Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks).

Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) ќе ги прифати уредно пријавените и основани рекламации на корисникот доставени во рок од 24 часа од приемот на нарачката. Рекламација подоцна од овој рок од 24 часа од прием на производот нема да биде прифатена. Производот што се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а во случај на прифатена рекламација, Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) ќе ги отстрани недостатоците во истиот рок кој бил предвиден за изработка / испорака. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени по доставата, односно не се во првобитната форма.

Забелешките (рекламациите) се евидентираат во Барањето за враќање на производи и истите се процесираат од понеделник до петок од 09 до 16 ч.

Во случај на поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Маруди ДООЕЛ Скопје (MarudiBooks) има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. При уплата на фактура средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка што била искористена при плаќањето.