Луксбук

Рачно изработен премиум фото албум со тврда корица обложена со платно и ултра-дебели страници што се отвораат рамно за целосен панорамски ефект. Создаден за најзначајните моменти – од позначајни настани, како свадба, годишнини, крштевки, пензинирање  до патувања што заслужуваат траен, луксузен формат.


За кого е:
За оние кои сакаат траен, луксузен спомен со професионален изглед.

Како се прави:
Ја пополнувате формата подолу → нашиот дизајнер го подготвува изгледот → одобрувате → се изработува рачно → доставуваме.

Време за изработка:
7–12 работни дена

Цена:
Од 4650 до 10000 денари зависно бројот на страни и големината.

Достава:
Бесплатна достава низ Македонија (ЕЛС)

Персонализација:
Бесплатен дизајн, избор на корица, ласерска гравура на наслов

Цени од 4,650 ден

Најавете се за да направите нарачка.
Најава

Клучни карактеристики

  • Големини: 20х20 и 30х30 см.
  • Број на страници: 20 – 40.
  • Број на фотографии: 28 – 250.
  • Корица: платно или корица со фотографија
  • Наслов: ласерска гравура
  • Книжен блок: каширана фото-хартија на дебела лепенка.
  • Повез: Layflat (рамно отворање)
  • Персонализација: бесплатен дизајн во соработка со дизајнер
  • Време на изработка: 7–12 работни дена
  • Достава: бесплатна низ цела Македонија

Што точно добивате

Рачно изработен фото албум со дебели страници и совршено рамно отворање – без „губење“ на фотографиите во средината.

Секој Луксбук има персонализиран дизајн според вашите фотографии и тематика, со фокус на ритам, композиција и визуелна приказна.

Ова е за тебе ако…

  • сакаш врвен квалитет, не сериски производ
  • фотографиите ти се навистина важни
  • сакаш професионално дизајниран фото албум
  • купуваш значаен подарок
  • цениш трајност и естетика

Квалитет и доверба

Луксбук се изработува рачно во Македонија, со висококвалитетна фото-хартија и професионални мастила за врвна репродукција на бои. Layflat повезот овозможува целосна видливост на секоја фотографија. Секој дизајн се праќа на финално одобрување пред печатење. Изработката трае 7-12 денови. Сите производи потоа се испорачуваат од Скопје преку ЕЛС.

Маудибукс производите доаѓаат со гаранција за квалитет. Ако не сте целосно задоволни од вашиот производ, контактирајте ме во рок од 8 дена по добивањето на вашата нарачка за да ја корегираме. Дознајте повеќе за политиката за рекламации.

 

Често поставувани прашања за Луксбуковите

Минимум 28, максимум околу 300 – во зависност од бројот на страници и распоредот.

Луксбук се дизајнира во соработка со наш дизајнер. Доколку инсистирате да се вклучи ваш дизајн ве молам конткатирајте ме на 075 472 635 за да ви дадам упатство за припрема.

Да. Може да вклучиме наслови, датуми и текстови. Изгледот на Луксбукот е целосно прилагодлив на вашите потреби.

Луксбук со големина од 20 × 20 см, чини:

20 страници – 4.650 ден

до 30 страници – 5.650 ден

до 40 страници – 6.650 ден


Луксбук со големина од 30 × 30 см, чини:

20 страници – 7.200 ден

до 30 страници – 8.600 ден

до 40 страници – 10.000 ден

7–12 работни дена, поради рачната изработка.

Обично до 3 работни дена по изработката.

1. Ја пополнувате формата за нарачка со сите детали, желби и замисли за вашиот Луксбук, заедно со линк до вашите фотографии

2. Наш дизајнер го подготвува изгледот на албумот согласно вашите насоки. Во оваа фаза можно е да ве контактираме за да бидеме сигурни дека дизајнот е во склад со вашите желби

3. Го прегледувате изгледот, по потреба се прават до 3 корекции - се додека не сте задоволни од финалниот изглед

4. По одобрување на изгледот вршите уплата на полната сума

5. Печатење и рачна изработка на албумот во рок од 7-12 денови по уплатата

6. Бесплатна достава низ Македонија

Не е потребно да имате графичко знаење.

Да. Луксбук е еден од најчесто нарачуваните подароци за годишнини и семејни настани, како и за колеги. Можете вие да ја креирате целосно за нив, или да им подарите ваучер во вредност на Луксбукот што сакате да го подарите.

За ваучер контактирајте ме преку формата или на 072 472 635.

Најважно за мене е секој клиент да биде задоволен од нарачката. Имате 8 дена по приемот да нè контактирате за корекција. Зависно од забелешката може да биде поправен или да се изработи одново.

30×30 е поголем формат со посилен визуелен ефект, идеален за патувања и свадби, или ако имате поголем број на фотографии.