Фотокнига 9х9

Фотокнига 9×9 е најмалиот формат во нашата колекција и еден од најпродаваните производи. Оваа персонализирана фотокнига со мека корица и квадратен формат е достапна и во други формати како фотокнига 13×13 и фотокнига 19×19.

Намена:
Мал подарок, мини спомени од патувања или кратки фото-приказни.

Како се прави:
Избирате готов шаблон, прикачувате фотографии, прегледувате и нарачувате.

Време на изработка:
2–4 работни денови

Персонализација:
Внес на фотографии · внес на текст

Бесплатна достава

Цени од 700 ден

Најавете се за да направите нарачка.
Најава

Карактеристики

  • Формат и големина: Квадрат, 9 × 9 cm
  • Број на фотографии: 30 – 56
  • Страници: 36 или 60 страници сјајна 160 gsm фото-хартија
  • Корица: Мека, ламинирана мат 260 gsm хартија
  • Персонализација: Готови шаблони (виртуелен дизајнер)
  • Време на изработка: 2–4 работни денови
  • Достава: бесплатна низ цела Македонија

Што точно добивате

Испечатена фотокнига со мека корица по ваша нарачка, според дизајн што самостојно го креирате во Виртуелниот дизајнер на Марудибукс.

Доколку не сакате сами да ја креирате фотокнигата, достапна е и опција за рачно дизајнирање од страна на MarudiBooks, по претходен договор.

Оваа фотокнига е за тебе ако…

  • сакаш мал, симпатичен подарок
  • имаш кратка фото-приказна
  • сакаш нешто лично, но брзо готово
  • бараш пристапна цена

Квалитет и доверба

Фотокнигите се печатат со EPSON мастила кои даваат јасни, живописни бои.

Сјајната хартија ја нагласува светлината и контрастот, а секоја нарачка поминува проверка пред испорака. Изработката трае 2-4 денови. Сите производи потоа се испорачуваат од Скопје преку ЕЛС.

Маудибукс производите доаѓаат со гаранција за квалитет. Ако не сте целосно задоволни од вашиот производ, контактирајте ме во рок од 8 дена по добивањето на вашата нарачка за да ја корегираме. Дознајте повеќе за политиката за рекламации.

 

Често поставувани прашања за фотокнигите

Шаблоните во овој формат нудат можност за 1 фотографија или 1 поле за текст на страницата. Зависи од бројот на страници може да вклучите 32 или 56 фотографии. Плус една фотографија на корицата.
Системот автоматски ве води.

Може да изберете од готовите шаблони, но не и да креирате сопствен. Можете да ги менувате редоследот на страниците, но не и да го менувате бројот на страници откако влезете во Виртуелниот дизајнер.

Да, потребно да одберете шаблон што има текстуално поле. Откако ќе го внесете текстот потребно е да одберете фонт и големина на фонт. Проверете пред печатење дали текстот е видлив при прегледот.

Доколку не го гледате вашиот текст при прегледот, вратете се назад и намалете ја големината и/или променетете го фонтот. Текстот што не се прикажува при преглед не може да се испечати.

Да. За овој формат, фотографии од мобилен телефон се сосема соодветни.

Кај сите фотографии кои се со помал квалитет се појавува предупредување. Така ќе знаете дали вашата слика ги задоволува критериумите за квалитетно печатење.

Времето на изработка на фотокнигата 9х9 е 2 до 4 работни денови, со бесплатна достава од ден до три дена.

Вкупното време од нарачка до испорака е околу 3 до 7 работни денови.

Измените се можни до моментот кога ќе ја додадете нарачката во кошничка.

По нарачката, односно откако ќе започне печатењето, измените НЕ се можни.

Да, фотокнигите се едни од најчесто бираните подароци. Може да изберете декоративно пакување со доплата.

Доколку немате фотографиите за да ја креирате вие, постои опција да купите ваучер во висина на производот што сакате да го подарите. Потребно е само да ме контактирате.

9×9 е компактен и минималистички, оваа фотокнига ја собира во џеб. Поголемите формати нудат повеќе простор, повеќе шаблони, може да вклучите повеќе фотографии.

Кој формат на фотокнига да го изберете, квалитетот на печатење и изработка е ист.

Фотокнигите може да ги уредувате самостојно во Виртуелниот дизајнер. Имате опција да бирате од постојните шаблони, да правите основни корекции на сликите и да додавате и уредувате текст.


Доколку не сакате сами да ја креирате фотокнигата, достапна е и опција за рачно дизајнирање од страна на MarudiBooks, по претходен договор.

Обично до 3 работни дена по изработката.

1. Во Виртуелниот дизајнер бирате од понудените шаблони

2. Прикачувате фотографии од телефон или компјутер

3. Рачно или автоматски ги внесувате фотографиите на предвидените позиции во шаблоните.

4. Додавате текст во предвидите полиња, бирате фонт и големина на фонт

5. Правите преглед → нарачувате

Не е потребно графичко предзнаење. Процесот е интуитивен и едноставен.

Доколку не сакате сами да ја креирате фотокнигата, достапна е и опција за рачно дизајнирање од страна на MarudiBooks.

Рачното дизајнирање е дополнителна услуга што се наплаќа одделно, во зависност од производот и обемот на работа.

Пред почеток, секогаш се договараат цената и рокот.