База на знаење
Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со нарачки, достава, рефундирање и слично.
Генерални
Креирање кориснички профил
Нè радува што сакате да станете дел од Марудибукс семејството.
За да можете да купите некои од нашите производи потребно е да креирате профил. Тоа е многу едноставно. Она што треба да го направите е во горниот десен агол на веб-страницата да кликнете на копчето НАЈАВА. Линкот се наоѓа веднаш до икончињата за пребарување и кошничка.
Ќе ви се отвори страницата „Мој профил“ каде се појавуваат полињата за најава. Тука одберете ја секцијата КРЕИРАЈ ПРОФИЛ. Внесете ги вашето име, презиме, е-адреса (особено е важно да внесете точна е-адреса, бидејќи за креирање на профилот на истата ќе ви стигне линк за верификација) одберете си корисничко име и лозинка кои лесно ќе ги запаметите, но погрижете се да користите големи, мали букви, како и бројки и специјални карактери за поголема заштита. Вашите податоци за најава никогаш не треба да ги споделувате со друг.
Откако ќе ги пополните податоците, кликнете на копчето КРЕИРАЈ ПРОФИЛ. Отворете ја е-адресата која ја внесовте во податоците, за неколку минути ќе ви пристигне порака од МарудиБукс каде ќе има линк за верификација на вашата е-адреса. Само кликнете на линкот и почнете да купувате.
За следните најави на МарудиБукс потребно е да ги помните е-адресата или корисничкото име и лозинката.
Добре дојдовте. Ова е прекрасно време за печатење на вашите спомени 🙂
Колку време е потребно за реализација на нарачката?
Зависно од производот нам ни се потребни 2-5 работни денови за да ја изработиме вашата нарачка. Потоа ја предаваме на курирска служба и тие во рок од еден до пет работни денови ја доставуваат на вашата адреса.
Во случај никој да не ве контактира во рок од седум дена од вашата нарачка, ве молиме пишете ни на zdravo@marudibooks.com, за да можеме веднаш да го провериме статусот на вашата нарачка и да го забрзаме патувањето до вас.
Дали е возможно да се испорача нарачката за еден ден?
Оваа опција засега е возможна само за територијата на град Скопје и зависи од нарачаните производи.
Ве молиме контактирајте не на 075 472 635 за да се договориме за деталите.
Како се прави измена/поништување на моделот на претплата?
Измена или поништување на моделот на претплата се прави во делот на веб-страницата МОЈ ПРОФИЛ. Тука има секција за претплата, каде што корисниците може да се претплатат, да откажат или да променат претплата.
Дали е возможно да се направи фотокнига со мек повез со помалку од 36 страници?
Фотокнигите со мек повез не можат да бидат со помалку од 36 страници (18 двострано печатени листови).
Зошто да одберам премиум ластер-фотохартија?
Ластер-фотохартијата е премиум фотохартија со текстура и отсјај што потсетува на традиционалните хартии обложени со смола кои се изработувале во професионални фотолаборатории.
Оваа хартија обезбедува постојан изглед и овозможува живописни бои со остри детали, како и неверојатни црно-бели печатени материјали со богати црни тонови.
Едноставно е прекрасна на допир и совршена за достоен приказ на вашите најважни спомени.
Нарачки
Дали мора да се регистрирам за да направам нарачка?
Да. За да ја реализирате нарачката потребно е да сте најавени со ваша корисничка сметка на МарудиБукс.
За да се најавите клинете ТУКА.
Дали морам да ги пополнам сите информации за да се регистрирам?
Задолжителните полиња при регистрација се обележани со жолта ѕвездичка.
Како да направам нарачка?
Во продавницата најдете го производот кој најмногу одговара на вашите потреби и стил. Потоа, селектирајте го и направете ги генералните нагодувања кои се разликуваат од производ до производ.
Треба да ни дозволите да пристапиме до локацијата каде ги чувате вашите фотографии кои сакате да ги печатиме. Со вашата дозвола ние ќе можеме да ги повлечеме вашите фотографии и основните информации за нив за да можеме да го олесниме вашето искуство и да отпечатиме најдобар производ за вас.
Откако ќе го направите изборот, кликнете го копчето ПРОДОЛЖИ и тоа ве носи до нашиот супер специјален виртуелен дизајнер.
Можете да одберете нашиот виртуелен дизајнер да ви помогне во подредувањето на фотографиите, со одбирање на автоматско пополнување или, ако сакате да имате потполна контрола од почеток до крај, може рачно да ги внесувате и подредувате со влечи-пушти
Зависно од производот во виртуелниот дизајнер имате можност да користите алатки за основни корекции на фотографиите, да додавате текст или доколку се премислите можете и да одберете друг изглед на производот, доколку постои можност за соодветниот производ.
Откако ќе бидете задоволни од вашиот конечен дизајн, само кликнете ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА. Ќе ви се појави прозорче да ве потсети доколку некои фотографии немаат задоволителен квалитет за печатење и дека е добро да имате на ум дека „Двапати мери, еднаш печати“ е одлична мантра. Ваше е да одберете дали ќе се вратите да направите измени или ќе го купите.
Како да купам производ?
За да купите производ мора да бидете најавени, односно да креирате кориснички профил. Ова може да го направите во кое било време додека сте на нашата страница, но и да заборавите, ние ќе ве потсетиме да креирате профил / да се најавите, за да можете да го додадете вашиот омилен производ во кошничка.
Штом ќе се најавата, продолжувате со купување и дизајнирање на производот со кликање на АЈДЕ ДА ПОЧНЕМЕ или ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА. Доколку го користите нашиот Виртуелен дизајнер, по креирањето на вашиот производ, и проверка дали е се е во ред, потребно е да кликнете на копчето СÈ Е КАКО ШТО САКАМ. Тоа ќе ве одведе кон вашата кошничка, каде ќе бидат излистани сите производи кои сте ги одбрале.
Проверете ја количината на производите во вашата кошничка. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата КОШНИЧКА да кликнете на копчето за ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА за да го извршите плаќањето.
На овој прозорец внесете ги податоци за достава и погрижете се да бидат точни. Одберете го начинот на наплата кој најмногу ви одговара.
Со секој наш производ се донира дел од средствата на крајот на календарската година.
Откако ќе ги пополните сите задолжителни полиња, кликнете на ПРОДОЛЖИ. Зависно начинот на наплата, очекувате вашата нарачка да биде завршена, или да се појави зашититен прозорец од НЛБ Банка за да ги внесете податоците од вашата платежна картичка.
Овие податоци во ниту еден момент не се достапни за нас, МарудиБукс. Плаќањето се одвива преку сигурна конекција обезбедена од банката.
Доколку трансакцијата е успешна, ќе ви се отвори прозорец со информација: „Благодариме. Успешна трансакција“ и на вашиот профил ќе биде забележано дека вашата нарачка е во процес на изработка. Во спротивно, ќе се појави прозорец со известување дека трансакцијата е неуспешна и на вашиот профил ќе стои дека нарачката е нереализирана/неплатена.
Вашиот последен проект го чуваме 10 дена од неговото креирање, по што автоматски се брише од нашиот систем. По истекот на тие 10 дена ќе мора одново да го креирате вашиот дизајн за да го нарачате.
Како да знам дали нарачката е успешна?
По реализација на успешна платежна трансакција модален прозорец ве известува за успешната трансакција. Воедно, на вашиот е-мејл ќе ви пристигне порака за успешна нарачка. Зачувајте ја оваа е-порака, за да можете полесно да ја следите вашата нарачка во случај да произлезе некоја потреба.
На вашиот кориснички профил, во секцијата МОИ НАРАЧКИ можете да го следите статусот за секоја од нарачките. Доколку е успешна нарачката во статусот ќе стои дека нарачката се изработува.
Каде можам да ги најдам моите тековни проекти?
Вашите нарачки можете да ги најдете на следниот линк.
Колку време се чуваат нереализираните нарачки?
Нереализираните нарачки се бришат во моментот кога ќе го напуштите marudibooks.com.
Нереализираните нарачки за претплатници на Марудибук се чуваат 10 дена од моментот на креирање, а потоа автоматски се бришат од нашиот сервер доколку не извршите уплата. Вашите тековни проекти можете да ги најдете на вашиот профил во делот МОИТЕ НАРАЧКИ – тековни нарачки.
Наплата
Дали е безбедно плаќањето преку МарудиБукс?
Онлајн-наплатата се врши на безбедносната страница на НЛБ Тутунска банка која користи најсовремени сертификати за безбедност.
Марудибукс нема пристап до кој било податок поврзан со платежните картички.
Како можам да платам?
Начин и упатство за плаќање
На нашата веб страница www.marudibooks.com имате можност да направите нарачка преку онлајн плаќање со платежна картичка овозможено од НЛБ Банка или про-фактура (уплатница).
Вашиот ненаплатен проект го чуваме 10 дена од вашата нарачка, по што автоматски се брише од нашиот систем. По истекот на тие 10 дена ќе мора одново да го креирате вашиот дизајн за да го нарачате. Ве молиме не уплаќајте по истекот на 10 дена, бидејќи вашата нарачка нема да може да се процесира.
Онлајн плаќање
При нарачка со онлајн плаќање ќе бидете префрлени на сајтот за безбедно плаќање на НЛБ Банка, каде што е потребно да ги внесете податоците од картичка и да стиснете на копчето „Потврди“, доколку сакате да ја откажете нарачката, стиснете на копчето „Откажи“.
Доколку плаќањето е успешно, ќе бидете префрлени на нашиот сајт со точни детали за вашата нарачка и на вашиот е-маил ќе ви биде испратена порака за успешна реализација на плаќањето. Вашата нарачка веднаш почнува да се процесира.
Прифатени платежни картички за онлајн плаќање:
Пример/упатство за внесување на податоци за картичка:
Број на картичка – 16 цифрен број кој се наоѓа на предната страна на картичката
CVV2/CVC2 – 3 цифрен број кој се наоѓа на задната страна на картичката
Датум на истек – датум на важност на картичката, се наоѓа на предната страна на картичката
Submit – потврдување на плаќањето
Cancel – откажување на плаќањето
Про-фактура (уплатница)
Доколку одберете опција за плаќање преку про-фактура (уплатница) веднаш по направената нарачка на вашата е-маил адреса ќе ви пристигне порака со податоци кои ви се потребни за да извршите уплата во банка или пошта. На уплатницата задолжително во полето „Цел на дознака“ потребно е да внесете „Број на нарачка“. Вкупниот износ на уплатата мора да биде еквивалентен на вкупниот износ од направената нарачка на нашата веб страница. Трошоците за провизија се обврска на клиентот. Нарачката ќе почне да се процесира на денот кога уплатата ќе биде потврдена од наша страна.
Упатство за уплатница ПП10:
Податоци за фирмата:
Целосен назив: ДПТУ Маруди ДООЕЛ Скопје
ЕДБ: 4044015511216
Матичен број: 7049854
Жиро сметка: 210070498540155
Депонент банка: НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Адреса: Мите Богоевски 73А, 1000 Скопје
Попусти
Само еден код за попуст може да се искористи при нарачка. Кодот за попуст не може да се комбинира со друга активна промоција.
Рекламации
Не сум задоволен/на со добиениот производ.
Многу ни е жал што е така. Доколку по приемот на производот забележите дека има одредени видливи недостатоци или, пак, несогласување во количеството или изгледот на нарачаните и испорачаните количини можете да побарате:
- Замена со производ со соодветен квалитет на наш трошок или
- Поврат на уплатените средства
Забелешките (рекламациите) се евидентираат во Барањето за враќање на производи и истите се процесираат од понеделник до петок од 09 до 16 часот.
Бојата на мојот отпечатен производ е различна од онаа на мојот уред.
Постојат низа фактори што влијаат на точноста на боите дури и при тоа вашиот монитор да е калибриран, затоа ние не можеме да гарантираме 100 % точност на боите од вашиот екран со тие на отпечатениот примерок.
Прочитајте повеќе во секцијата Усогласеност на бои во Договорот со услови за користење.
Доколку сакате да имате контрола над процесот на печатење и исходот на боите, може директно да не контактирате на 075 472 635 за да се потрудиме да најдеме соодветно решение.
За колку време ќе ја добијам замената на производот?
По одобрена рекламација, ние ќе ги отстраниме недостатоците во истиот рок кој бил предвиден за изработка / испорака.
Каква е процедурата за поврат на средства?
По одобрена рекламација, при поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, ние имаме обврска враќањето на средства да го извршиме исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
При уплата на фактура средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.
Пратки
Дали испорачувате во странство?
Моментално испорака во странство не е опција.
Дали доставата на нарачките е бесплатна?
Да, не треба да доплатите ништо за достава.
За колку време ќе стигне мојата нарачка?
Рок на испорака е 5 до 12 работни денови (вклучувајќи го периодот за изработка и времето потребно на курир службата да го достави производот).
Доставата се врши на целата територија на Р. С. Македонија и тоа до влезот на станбениот објект.
Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9.00 до 16.00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката.
Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да ве побара на телефонскиот број кој сте го внеле при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Затоа ве молиме внимателно внесувајте ги своите податоци.
Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам.
По прием на пратката, ќе ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава. Цената за повторна достава е на ваш товар.
За време на сезонските намалувања и попусти, испораката може да трае повеќе време од вообичаено. Ви благодариме на трпението.
Не ја добив мојата нарачка во предвидениот рок, што треба да направам?
Искрено жалиме за непријатностите. Веднаш контактирајте нè доколку не го добиете производот во рок од 7 работни дена и ние ќе се погрижиме да ви пристигне во најкус можен рок.
Нашиот курир има обврска двапати да ве побара на контакт телефонот што сте го оставиле при нарачка и доколку не ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. Доколку тоа е случајот, по прием на пратката, ќе ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава. Цената за повторна достава е на ваш товар.