Posted on

Како до совршена фотокнига за вашето семејство

Дали имате илјадници дигитални фотографии на вашиот телефон или компјутер?
Секоја од нив содржи момент, приказна или спомен кој вреди да се памети. Се прашувате ли како до совршена фотокнига за вашето семејство?

Фотокнигата е повеќе од обична збирка на слики; таа е патување низ времето, спомен што ја слави уникатната приказна на вашето семејство. Дозволете ми да ве водам низ 5 едноставни чекори што ќе ви помогнат да ги претворите вашите омилени фотографии во семејно богатство.

Чекор 1: Одберете една тема

Пред да се нурнете во креативниот процес, одвојте момент да размислите со која намера ја правите оваа фотокнига. Каква приказна сакате да раскаже? Дали сакате да опфатите една година од животот на вашето семејство, некое патување или можеби поголем настан како свадба, крштевка, роденден или целата прва година на бебето? Изборот на јасна тема ќе му даде фокус на вашиот проект и ќе ви дава насока во секој момент од креирањето.

Про совет: Ако не сте сигурни, почнете со помала фотокнига. Создадете фотокнига за еден настан и потоа ќе имате искуство како да пристапите кон поопширна тематика.

Чекор 2: Организирајте ги вашите фотографии

Веќе ја имате вашата тема, сега е време да ја сортирате вашата дигитална фото-библиотека. Еве како:

  • Креирајте папки: групирајте ги вашите фотографии по датум, настан или категорија. На пример, „Семеен одмор 2023“ или „8ми Роденден на Марек“.
  • Отстранете го вишокот: изберете ги само најдобрите фотографии што ја доловуваат суштината на приказната што сакате да ја раскажете. 10 фотографии со минимални разлики може да се интересни како една колаж страна во вашата фотокнига, но колку повеќе вклучувате слични фотографии вклучувате толку се разводнува приказната. Само помислете да читате роман и истата реченица да се повторува еднаш, да се повторува два пати, па да се повтори уште еднаш… Се губи поентата, нели?
  • Резервна копија: зачувајте го изборот во посебна папка и направете копија на уште едно место за да избегнете случајно губење. Никогаш не преместувајте (cut files), туку копирајте ги фајловите од едно на друго место (copy). Дури откако ќе бидете сигурни дека фајловите се префлени и се е во ред, избришете ја верзијата која ви е вишок.
  • Подредете ги фотографиите: за да го забрзате процесот, најдобро е да ги организирате и подредите по редослед. Зависно од темата, може да ги организирате хронолошки, да ги групирате по тема, настан, личности, локација и слично. Најмногу олеснува доколку ги именувате фотографиите според редоследот со кој сакате да се подредат во фотокнигата.

Про совет: вклучете мешавина од спонтани и наместени фотографии за динамичен и привлечен изглед. Консултирајте се со блиските, можеби се сеќаваат на моменти или приказни што сте ги пропуштиле!

Чекор 3: Оставете личен печат

Она што ја прави фотокнигата посебна е личниот печат. Дајте и посебен карактер на вашата приказна со:

  • Наслови: додајте куси наслови, цитати, датуми и мали анегдоти за да им дадете контекст на вашите фотографии.
  • Вклучување спомени: скенирајте или фотографирајте рачно напишани белешки, билети, важни предмети или цртежи. Овие детали ќе бидат совршен додаток на вашата главна поента.
  • Креативен распоред: експериментирајте со шаблони кои ги истакнуваат вашите омилени моменти.

Про совет: Поделете ја фотокнигата на делови според контекстот и започнете го секој дел со наслов или цитат што го одредува тонот, како „Нашите летни авантури“ или „Снег, камин и топло чоколадо“.

Чекор 4: Поедноставете го процесот на дизајнирање

Со подредени и подготвени фотографии, следниот чекор е да ја изберете најдобрата алатка за да ја оживеете вашата книга со фотографии. Маруди Дизајнерот ги содржи сите потребни алатки за да ја креирате вашата книга, самостојно и без никакво претходно познавање на програми за дизајн.

Ако сакате персонализирана поддршка, тука сум да помогнам! Пишете ми на zdravo@marudibooks.com или поврзете се на социјалните мрежи. Заедно, можеме да создадеме прекрасна фотокнига, каде секој детал ја раскажува вашата единствена приказна.

Тип на хартија

Број на страници

Поврзување

Димензии

Идеално за

Чекор 5: Преглед и финализирање

Пред да печатите, одвојте малку време за да го прегледате вашиот проект. Проверете дали фотографиите се во склад со темата која ја поставивте во старт. Бидете доследни со распоредот, изборот на фот и дизајнот – така ќе бидете сигурни дека вашата фотокнига ќе го издржи тестот на времето. Дајте си време, во ред е да ги промислите одлуките пред да ги испечатите фотографиите. Проверете за печатни грешки и потврдете дека распоредот ја одразува вашата визија. Така ќе бидете сигурни дека ќе добиете фотокнига во која ќе уживате во целост.

Про совет: покажете го вашиот проект на некој близок, да го прегледа со „свежи очи“, така ќе бидете сигурни дека сте ги покриле сите бази.

Создавањето фотокнига е повеќе од само организирање фотографии; се работи за славење на приказната на вашето семејство и нејзино зачувување за идните генерации. Без разлика дали се работи за збирка на секојдневни радости или големи животни пресвртници, секоја фотокнига е доказ за моментите кои го прават животот убав.

И не заборавајте, бидете флексибилни и дајте си време. Уживајте во процесот и верувајте дека на крајот ќе бидете презадоволни за завршената работа. Креирањето на семејната фотокнига може да го направите вистински забавно искуство.

Подготвени сте да ја креирате вашата фотокнига со MarudiBooks?

Експериментирајте со алатките и шаблоните во Маруди Дизајнерот за да ја оживеете вашата визија!

Posted on

ВОДИЧ: Како да ги организирате дигиталните фотографии?

Кога ги разгледуваме нашите фотографии и го гледаме хаосот од дуплирани, матни, ненамерно сликнати фотографии…Она што ни се мота низ глава е “Ништо не можам да најдам…што убаво ќе беше да ги организирам еден ден. Од каде да почнам?”  – Што најчесто не обесхрабрува воопшто да започнеме со фото-чистка.

Инспирирана од паролата на Мари Кондо (Мари е експерт за организирање и средување на домот, авторка на КонМари методот) искуството на организирање на вашите фотографии има едно главно правило: 

МОРА ДА ВИ ИГРА СРЦЕТО!

Што значи тоа? Остануваат само оние фотографии кои ќе ви го разиграат срцето, односно, ако имате емоција кога ја гледате фотографијата – тогаш останува. 

Го споделувам со вас мојот метод од 6 чекори за организирација на фотографии:

Чекор 1 – Зошто сакам да ги организирам фотографиите?

Чекор 2 – Фрли го неупотребливото.

Чекор 3 – Сѐ на куп во фото-хаб.

Чекор 4 – Организирај по систем кој го разбира твојот ум.

Чекор 5 – Следи го правилниот редослед.

Чекор 6 – Затвори го кругот.

Чекор 1

Зошто сакам да ги организирам фотографиите?

Префилозофски почеток на организација на фотографии, признавам. 🙂 НО, помислете која е крајната цел, која е причината поради која сакате да имате организирани фотографии.

За да ги зачувате спомените од кои ви игра срцето? Како? Што би ве направило радосни, ако ги чувате во фото-хаб, ако испечатите фотографии и ги наредите во фотоалбум или споменар, ако направите неколку фотокниги кои го раскажуваат вашиот живот хронолошки или одберете неколку фантастични фотографии и ги врамите на вашиот ѕид?

Со крајот на ум, дајте си збор дека овој пат ќе истраете 🙂 Многу пат се случувало да почнам да ги организирам фотографиите и да се откажам по 1о минути зашто ги има премногу. Но, доброто е тоа што откако еднаш ќе посветите неколку часови да ги организирате натрупаните фотографии, потоа станува се многу полесно. Ќе ви бидат потребни 15-30 минути еднаш во месецот (доколку го следите нашиот инстаграм профил @marudbooks, еднаш месечно имаме ден посветен на фото-чистка. Пријателски потсетник да ги прочистите фотографиите.)

Чекор 2

Експрес акција: Избриши го неупотребливото.

Сега кога сме одлучни, зависно од бројот на фотографиите, одвојте неколку часа во денот или пак еден викенд, за чистка.

Почнете да ги бришете матните, неупотребливите, дупликатите. Избришете ги старите фотографии од настани кои веќе не ви се релевантни, пријателте нема да ви замерат 🙂 Одете уред по уред. Почнете од мобилниот, па старите мемориски уреди…секаде каде што ги чувате.

Чекор 3

Сѐ на куп во фото-хаб.

Како што ќе завршите со почетната чистка, ископирајте ги сите фотографии на еден уред – вашиот фото-хаб, домот на сите ваши фотографии. Моја препорака е оригиналните фајлови никогаш да не ги доверувате на клауд. Клаудот е одличен за бекап. 

Фото-хаб може да биде вашиот компјутер или надворешен хард диск, само погрижете се да има доволно место да ги вдоми сите ваши фотографии.

На овој начин ја централизирате работата, и организацијата станува многу, ама многу поедноставна.

Откако ќе го поставите фото-хабот треба да биде единственото место каде ги зачувувате сите ваши фотографии. Од таму пролжувате со понапредна организација.

Чекор 4

Организирај по систем кој го разбира твојот ум.

Лично, фајловите ги организирам по датум, со наслов кој ќе ме потсети на содржината. Многу ми олеснува употреба на софтвер за импортирање на фотографиите, кој веднаш прави каталогизација и ги креира фолдерите за мене. Така работи мојот ум најлесно…

2021 > 10.7.2021 - Летување во Охрид

Важно е да ги организирате на начин кој вам ви е лесен за снаоѓање. Можете да ги организирате според изворот (мобилен, цд, усб 1…), по локација, ситуација…зависно од тоа како планирате да ги употребувате.

Откако ќе го завршите овој дел 80% од работата е веќе завршена! Честитајте си! 

Оттука може да се продолжи со сериозната организација. Овој дел зависи вас, колку сакате да навлезете во организирање. Можете да користите програми за фотографии, мене ми е омилена Lightroom. Може да ги организирате со тагови, бои, да правите рејтинг… Но тоа е веќе напредно ниво на организација и слободно можете да го скокнете.

Чекор 5 

Што ти буди радост?

Фотографиите се интересен феномен, доказ за моментите кои направиле да почувствуваме силни емоции…најчесто фотографираме кога ситуациите или субјектите не прават среќни, за никогаш да не бидат заборавени. 

Магично е својството на фотографиите со поглед да ни ги разбудат истите емоции и да не вратат во ситуацијата. Само тие фотографии треба да продолжат да живеат во твојот фото-хаб.

Само оние фотографии кои прават срцето да ти пее – би рекла Кон Мари 🙂 Останатото Shift + Del. Не ги чувајте сите фотографи од свадбата на другарката од пред 5 години, или од крштевката кај што сте биле на гости, ако не ви будат радост. Никој нема да ви замери. 

Чекор 6

Затвори го кругот.

Потсети се од каде почна, која беше твојата замисла. Сега кога сите фотографии се организирани и лесно можеш да ги најдеш оние кои ги бараш, време е да го затвориш кругот – подготви ги најомилените фотографии за печатење. 

Најавете се на www.marudibooks.com, одберете од нашата понуда на фотокниги (линк), фото-постери (линк), фото-платна (линк) и мали принтови (линк) за вашиот следен проект. Зачувајте ги спомените онака како што заслужуваат, на начин кој ве радува.

ШТО ТЕ РАДУВА? 

Кога би замилиле идеален дом, како би биле организирани вашите фотографии? Како сет врамени постери прецизно распоредени на ѕидот во лобито, фотокниги за секој месец, година, патување? Одговорот се крие во прашањето Што ти буди радост? Толку е едноставно. 

Ви требаат уште информации како да одберете фотографии за фотокнига? Прочитајте го постот…(линк).