fbpx

КАКО ДА ОДБЕРАМ ФОТОГРАФИИ ЗА ФОТОКНИГА?

Сите сме биле тука – купишта фотографии, сите драги, некои за нијанса подобри од другитe, но  на другите подобро сме испаднале. 

Прашањето е: Кои се најважните? Кои се тие што ќе не вратат во моментот на случувањето откако ќе ги испечатиме во фотокнига?

Често ни изгледа како премногу голема одговoрност, не можеме да одбереме. Оставаме за понатаму. Поминуваат месеци, а разликата е што сега имаме уште повеќе за бирање… нормално… одложуваме повторно.

ТРГНЕТЕ ГО ПРИТИСОКОТ

На крајот од денот, светот ќе продолжи да се врти ако ја одбереме „погрешната“ фотографија. Факт е дека ќе имаме милион нови шанси да ја испечатиме „вистинската“ во случај да се премислиме, дури и откако ќе испечатиме.

Бирањето фотографии е (може да биде) забавна задача!

Знаејќи дека не е така за сите, подготвив мини водич за бирање на фотографии за фотокнига. Прочитајте ги практичните совети и почнете да бирате како професионалец. 

Верувам во вас! 

КОИ ФОТОГРАФИИ СЕ ДОБАР ИЗБОР ЗА АЛБУМ?

Добар квалитет и силна емоција е добитната комбинација. Полесно е да каже отколку да се одбере…Што значи тоа?

ПРОВЕРЕТЕ ЈА РЕЗОЛУЦИЈАТА

Секогаш бирајте ги фотографиите кои имаат повисока резолуција.

Идеално е да одберете фотографии кои имаат најмалку 280dpi за да имате најдобар квалитет на печатот. Фотографиите направени со телефон или преземени од социјалните медиуми може да имаат пониска резолуција. Имајте на ум дека може да добиете предупредување дека сите фотографии со помалку од 150dpi кога ќе се испечатат нема да изгледаат баш добро. 

Кога ви праќаат фотографии користете платформи како Dropbox, Google Drive, Wetransfer, AirDrop и сличнo. Фотографии пратени во порака може да имаат понизок квалитет.

Ви треба помош да ја проверите резолуцијата на вашите фотографии? Разгледајте ја оваа одлична алатка за да бидете сигурни дека вашите фотографии ќе се испечатат беспрекорно.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ МНОГУ ТЕМНИ ФОТОГРАФИИ

Ако субјектот на вашата фотографија е темен, добро е да одберете друга посветла фотографија или да ја осветлите вашата со соодветен софтвер.   Прочитајте го нашиот текст за 10 БЕСПЛАТНИ АЛАТКИ ЗА ОБРАБОТКА НА ФОТОГРАФИИ – 2021 за да добиете корисни совети за нивно подобрување. Темните фотографии ќе се испечатат со помала острина и контраст од она што го гледате на вашиот екран.

ЕМОЦИИ

Секоја фотографија има свое место во албумот, подредете ги така што и најситните детаљи и крупните кадри успешно ќе ја раскажат вашата приказна и ќе ве воведат во емоцијата на мигот.

КОЛКУ ФОТОГРАФИИ ДА ОДБЕРАМ?

Јас сум голем поддржувач, ама гооолем поддржувач на минимализмот во дизајните. Една до две фотографии на страница со бел простор за мене е совршено. 

Зависно од димензијата на фотокнигата може да одберете различни темплејти кои комбинираат различен број на фотографии. При комбинирање фотографии размислувајте дали раскажуваат едно случување, момент или пренесуваат иста порака. 

На пример, ако одберете фотокнига со 86 страници, моја препорака е да подготвите 100-160 фотографии.

Доколку имате дополнителни прашања или ви треба помош при изборот слободно може да ме контактирате на tanja@studiomarudi.com или на 075-472-635.

tanja-john