Како до совршена фотокнига за вашето семејство
Дали имате илјадници дигитални фотографии на вашиот телефон или компјутер?
Секоја од нив содржи момент, приказна или спомен кој вреди да се памети. Се прашувате ли како до совршена фотокнига за вашето семејство?
Фотокнигата е повеќе од обична збирка на слики; таа е патување низ времето, спомен што ја слави уникатната приказна на вашето семејство. Дозволете ми да ве водам низ 5 едноставни чекори што ќе ви помогнат да ги претворите вашите омилени фотографии во семејно богатство.

Чекор 1: Одберете една тема
Пред да се нурнете во креативниот процес, одвојте момент да размислите со која намера ја правите оваа фотокнига. Каква приказна сакате да раскаже? Дали сакате да опфатите една година од животот на вашето семејство, некое патување или можеби поголем настан како свадба, крштевка, роденден или целата прва година на бебето? Изборот на јасна тема ќе му даде фокус на вашиот проект и ќе ви дава насока во секој момент од креирањето.
Про совет: Ако не сте сигурни, почнете со помала фотокнига. Создадете фотокнига за еден настан и потоа ќе имате искуство како да пристапите кон поопширна тематика.

Чекор 2: Организирајте ги вашите фотографии
Веќе ја имате вашата тема, сега е време да ја сортирате вашата дигитална фото-библиотека. Еве како:
- Креирајте папки: групирајте ги вашите фотографии по датум, настан или категорија. На пример, „Семеен одмор 2023“ или „8ми Роденден на Марек“.
- Отстранете го вишокот: изберете ги само најдобрите фотографии што ја доловуваат суштината на приказната што сакате да ја раскажете. 10 фотографии со минимални разлики може да се интересни како една колаж страна во вашата фотокнига, но колку повеќе вклучувате слични фотографии вклучувате толку се разводнува приказната. Само помислете да читате роман и истата реченица да се повторува еднаш, да се повторува два пати, па да се повтори уште еднаш… Се губи поентата, нели?
- Резервна копија: зачувајте го изборот во посебна папка и направете копија на уште едно место за да избегнете случајно губење. Никогаш не преместувајте (cut files), туку копирајте ги фајловите од едно на друго место (copy). Дури откако ќе бидете сигурни дека фајловите се префлени и се е во ред, избришете ја верзијата која ви е вишок.
- Подредете ги фотографиите: за да го забрзате процесот, најдобро е да ги организирате и подредите по редослед. Зависно од темата, може да ги организирате хронолошки, да ги групирате по тема, настан, личности, локација и слично. Најмногу олеснува доколку ги именувате фотографиите според редоследот со кој сакате да се подредат во фотокнигата.
Про совет: вклучете мешавина од спонтани и наместени фотографии за динамичен и привлечен изглед. Консултирајте се со блиските, можеби се сеќаваат на моменти или приказни што сте ги пропуштиле!

Чекор 3: Оставете личен печат
Она што ја прави фотокнигата посебна е личниот печат. Дајте и посебен карактер на вашата приказна со:
- Наслови: додајте куси наслови, цитати, датуми и мали анегдоти за да им дадете контекст на вашите фотографии.
- Вклучување спомени: скенирајте или фотографирајте рачно напишани белешки, билети, важни предмети или цртежи. Овие детали ќе бидат совршен додаток на вашата главна поента.
- Креативен распоред: експериментирајте со шаблони кои ги истакнуваат вашите омилени моменти.
Про совет: Поделете ја фотокнигата на делови според контекстот и започнете го секој дел со наслов или цитат што го одредува тонот, како „Нашите летни авантури“ или „Снег, камин и топло чоколадо“.

Чекор 4: Поедноставете го процесот на дизајнирање
Со подредени и подготвени фотографии, следниот чекор е да ја изберете најдобрата алатка за да ја оживеете вашата книга со фотографии. Маруди Дизајнерот ги содржи сите потребни алатки за да ја креирате вашата книга, самостојно и без никакво претходно познавање на програми за дизајн.
Ако сакате персонализирана поддршка, тука сум да помогнам! Пишете ми на zdravo@marudibooks.com или поврзете се на социјалните мрежи. Заедно, можеме да создадеме прекрасна фотокнига, каде секој детал ја раскажува вашата единствена приказна.
-
Продукт на попустМарудибук: ПретплатаЦени од 2,100 ден
-
ЛуксбукЦени од 4,650 ден
-
ФотобукЦени од 700 ден
Тип на хартија
Мек повез (корица), фотохартија мат, ламинирана, 260 гр. Книжен блок: уметничка хартија, свитлива, 160 гр.
Каширани страници на лепенка – крути, нефлексибилни, тешки (дебелина:3мм)
Мек повез (корица), фотохартија мат, ламинирана, 260 гр. Книжен блок: уметничка хартија, свитлива, 160 гр.
Број на страници
10 до 20 страници
32 до 112 страници
32 до 56 страници
Поврзување
Мек повез – EVA (страниците се наведнуваат од центарот)
Layflat, рамно отворање (страниците кога се отворени лежат совршено рамно)
Мек повез – EVA (страниците се наведнуваат од центарот)
Димензии
9х9 ; 13х13 и 19х19 сантиметри
20х20 и 30х30 сантиметри
9х9 ; 13х13 и 19х19 сантиметри
Идеално за
Вклучување поголем број фотографии, како и страници со текст. Нашиот најпопуларен формат за фотокниги кои опфаќаат поголем временски период како првата година на бебето.
Курирана колекција од вашите најспецијални семејни моменти. Идеално ако сакате да ги зачувате вашите спомени од свадба, веридба, поголеми прослави.
Идеален ако сакате да креирате колекционерски лесена, секојдневена фотокнига што ја креирате неколку пати во годината за да зачувате што поголем волумен секојдневни спомени.
Чекор 5: Преглед и финализирање
Пред да печатите, одвојте малку време за да го прегледате вашиот проект. Проверете дали фотографиите се во склад со темата која ја поставивте во старт. Бидете доследни со распоредот, изборот на фот и дизајнот – така ќе бидете сигурни дека вашата фотокнига ќе го издржи тестот на времето. Дајте си време, во ред е да ги промислите одлуките пред да ги испечатите фотографиите. Проверете за печатни грешки и потврдете дека распоредот ја одразува вашата визија. Така ќе бидете сигурни дека ќе добиете фотокнига во која ќе уживате во целост.

Про совет: покажете го вашиот проект на некој близок, да го прегледа со „свежи очи“, така ќе бидете сигурни дека сте ги покриле сите бази.
Создавањето фотокнига е повеќе од само организирање фотографии; се работи за славење на приказната на вашето семејство и нејзино зачувување за идните генерации. Без разлика дали се работи за збирка на секојдневни радости или големи животни пресвртници, секоја фотокнига е доказ за моментите кои го прават животот убав.
И не заборавајте, бидете флексибилни и дајте си време. Уживајте во процесот и верувајте дека на крајот ќе бидете презадоволни за завршената работа. Креирањето на семејната фотокнига може да го направите вистински забавно искуство.
Подготвени сте да ја креирате вашата фотокнига со MarudiBooks?
Експериментирајте со алатките и шаблоните во Маруди Дизајнерот за да ја оживеете вашата визија!