Елегантен ѕиден календар

Eлегантниот ѕиден календар од MarudiBooks е персонализиран фото календар дизајниран да ги истакне вашите најдраги моменти, месец по месец.

Она што е уникатно кај овој персонализиран фото-календар, покрај тоа што можете да направите креативни колажи од вашите омилени фотографии, по завршување на месецот, фотографијата лесно се двои од календарот со помош на специјални засеци. Зачувајте, врамете или пак вклучете ја во следниот креативен проект.


Мат бела метална кука за закачување на ѕид

Избор уникатни фото шаблони до 6 фотографии

Специјални засеци за откинување на месечните фотографии

12 листови 260gsm фотохартија со сјаен финиш, одлична за рачно напишани белешки

Изработка од 2-4 работни денови

Бесплатна достава

Цени од 1,250 ден

Најавете се за да направите нарачка.
Најава

Димензии

Димензии на лист: 20 х 42 см Перфориран дел за фотографија: 13 х 18 см

Често поставувани прашања за календарите

Елегантниот ѕиден календар е персонализиран фото календар од MarudiBooks, изработен со ваши фотографии, дизајниран да комбинира функционалност, декор и зачувување на спомени.

Овој календар не служи само за следење на датумите.

Тој е комбинација од фото албум, декор и функционален календар.

Секој месец содржи:
- календарски дел со јасен распоред на денови и простор за рачно испишани белешки
- Колаж од 1-6 фотографии по ваш избор

По завршувањето на месецот, фотографијата лесно се одвојува благодарение на специјалните засеци, што значи дека можете да ја:
- зачувате како спомен или да ја подарите
- врамите
- користите во албум или колаж

На крајот од годината, не останува само уште еден „стар календар“, туку 12 зачувани спомени.

1. Одберете календар
Изберете го посакуваниот ѕиден календар и направете ги основните нагодувања (формат, тип).

2. Пристап до фотографии
Дозволете пристап до локацијата каде се зачувани вашите фотографии. Ова овозможува да ги повлечеме сликите и да обезбедиме најдобар квалитет за печатење.

3. Виртуелен дизајнер
Со клик на ПРОДОЛЖИ, влегувате во виртуелниот дизајнер каде можете:
- автоматски да ги распоредите фотографиите
- рачно да ги подредувате со „влечи-пушти“ во одбраните шаблони
- да одберете шаблон со 1-4 или 6 фотографии
- да направите основни корекции на фотографиите

4. Проверка и додавање во кошничка
Кога дизајнот е готов, кликнете ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА.
Доколку некоја фотографија нема соодветен квалитет за печатење, ќе добиете предупредување пред да продолжите.

5. Наплата
Потоа кликнете ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА, внесете податоци за достава и одберете начин на плаќање.

6. Потврда и изработка
По успешна трансакција, нарачката се означува како во процес на изработка.
Плаќањето се извршува преку банкарска трансакција или преку сигурниот систем за онлајн наплата на НЛБ Банка; податоците од картичката не се достапни за MarudiBooks.

Важно:
Вашиот дизајн се чува 10 дена од моментот на креирање. По истекот на овој период, автоматски се брише.


Да. Секој календар се персонализира со ваши фотографии, од една до шест за секој месец, и се дизајнира онлајн преку виртуелниот дизајнер.

Откако ќе се најавите на страницата, можете да почнете со изработка на саканиот производ. Фотографиите ги внесувате преку нашиот виртуелен дизајнер, откако ќе дозволите пристап до локацијата каде се зачувани. Можете да ги подредувате автоматски или рачно.

Да. Имате целосна контрола врз распоредот на фотографиите со опција „влечи-пушти“, како и можност за автоматско пополнување.

Системот автоматски ќе ве предупреди доколку некоја фотографија нема соодветен квалитет, со извичник на самата фотографија и уште еднаш пред да ја финализирате нарачката.

Да. По завршување на секој месец, фотографијата лесно се одвојува благодарение на специјалниот дизајн, и може да се зачува како која било друга фотографија.

Да. За да нарачате персонализиран календар, потребно е да бидете најавени или да креирате кориснички профил.

Не. Испораката е бесплатна за овој производ, како и за сите останати производи на Марудибукс.