Posted on

10 БЕСПЛАТНИ АЛАТКИ ЗА ОБРАБОТКА НА ФОТОГРАФИИ – 2021

Еден од најчестите превиди кога се во прашање фотографиите е нивната обработка. Таа е особено важна кога ги припремате фотографиите за печатење. Најпопуларните алатки како Photoshop и Lightroom покрај високата цена, бараат и труд за да се запознаете со околината и да почнете да ги обработувате вашите фотографии.

За среќа постојат бројни бесплатни алатки за обработка на фотографии кои ви се достапни и не бараат преголемо предзнаење за да ги оживеете своите фотографии и да им дадете личен печат.

Без разлика дали сте мама со камера или фото-ентузијаст, вашите фотографии ќе изгледаат далеку подобро ако оберете една од овие 10 бесплатни алатки за обработка на фотографии. 

01. ADOBE PHOTOSHOP EXPRESS

02. PIXLR X

03. PHOTOSCAPE X

04. FOTOR

05. BEFUNKY

06. A COLOR STORY

07. SNAPSEED

08. AFTERLIGHT 2

09. REPIX

10. INSTASIZE

01. ADOBE PHOTOSHOP EXPRESS

Adobe Photoshop Express е направена да биде моќна, едноставна и достапна алатка, без разлика на нивото на предзнаење. Со малку играње со базичните алатки ќе можете да правите брзи обработки на вашите омилени фотографии. 

Ќе можете да направите корекција на светлото, контрастот, перспективата, сатурацијата на боите, па дури и да вклучите преддефиниран ефект, текст или да креирате колажи.

Супер е што можете да обработувате фотографии од Adobe Creative Cloud, Dropbox, Facebook, or Google Photos. Но уште подобро е што целата обработка е недеструктивна, што значи дека секогаш можете да ја вратите првата верзија на фотографијата.

02. PIXLR X

Еден од најпрепорачуваните софтвери за почетници е Pixlr X кој ги нуди сите основни алатки за брза обработка на фотографии. Може да влијаете на боите, кроп, баласот на боите, како и да избришете несоодветни елементи од фотографијата.

Понапредната верзија Pixlr E нуди повеќе опции за обработка, па откако ќе ја совладате Pixlr X ќе може да се префрлите и да поченете да работите со четки, слоеви и понапредни алатки.

03. PHOTOSCAPE X

PhotoScape X е седмо небо за секој кој сака скоро неограничени можности за обработка на фотографиите со еден клик. Филтри, колажи, ефекти, четки, форми, рамки…што да помислиш PhotoScape X најверојатно го има. Доколку имате бројни фотографии кои сакате наеднаш да ги обработите, оваа апликација нуди можност за групна обработка на фотографии.

А ако ова не ви е доволно, PhotoScape X има и платена верзија со која можете да добиете уште повеќе можности за изразување на вашата креативност.

04. FOTOR

Со долга листа на основни алатки за обработка на вашите фотографии со кои ќе го подобрите севкупниот изглед на вашата фотографија, но и опциите да влијаете на посебни елементи како на пример да избелите заби, Fotor е супер алатка за почетници.

Дополнително има и палета ефекти, стикери, можности за додавање на текст и слично, со што ги одврзува рацете на вашата креативност.

Интересно кај Fotor е тоа што нуди уште две можности – дизајн и колажи, кои имаат бројни готови темплејти за вас да одберете. Со тоа можете да креирате квалитетни дизајни со минимум знаење.

05. BEFUNKY

Едноставен и user-friendly изглед, BeFunky многу наликува на Fotor. Има широка палета на можности за обработка, од најосновните до артистички ефекти и текстури.Исто како Fotor нуди дизајнирање и правење колажи на готови темплејти. Достапен и на десктоп и мобилен, BeFunky има и бесплатна и премиум верзија.

06. A COLOR STORY

Не сакате да ги проучувате опциите за обработка, нема проблем!  A Color Story со 100+ фото-ефекти ќе ви стане најдобар сојузник во обработката на фотографиите. Како што кажува името, целта на апликацијата е да ги оживее боите на вашите фотографии за да можат автентично да ја раскажат вашата приказна. Едноставен интерфејс ве води лесно да го постигнете ефектот кој го посакувате.

07. SNAPSEED

Snapseed ви дава контрола над секој аспект од вашата фотографија. Можете да корегирате црвенила, да ја подобрите текстурата на заматена фотографија, на кусо можете да направите многу за своите фотографии.

08. AFTERLIGHT 2

Afterlight 2 има одлични креативни можности, од осветлување-затемнување, заматување и изострување на фотографијата, сатурација и разни ефекти за подобрување на вашите фотографии. 

Редновното додавање на новини, филтри, фонтови, рамки е интересна опција која од вас бара еднократна уплата и потоа е ваше да ја пуштите креативноста да лудува 

09. REPIX

Одличен за почетници со артистички израз.  Едноставните филтри и опции за колор-корекција, избор на четки и рамки кои ги нуди Repix можат да ги претворат вашите фотографии во уметнички дела без многу напор.

10. INSTASIZE

Instasize започна како апликација за додавање на рамки околу фотографиите за да го исполнат бараниот постор на Instagram, а денес е апликација која нуди многу повеќе.

Бројни филтри, колор-корекција, па дури и обработка на видеа се достапни во стандардната верзија. Премиум верзијата секако овозможува уште поголема слобода и уникатни алатки за обработка.

Иако повеќето од овие апликации се одлични за обработка, финалниот резултат не секогаш е  подготвен за печат, особено ако фотографиите  се зголемуваат за печатање. Не сте сигурни дали вашите фотографии се доволно добри за печатење?  Нашиот тим ќе ги провери фотографиите, пред печатење и ќе ве извести доколку забележиме дека резолуцијата не е доволно висока. 

Доколку имате дополнителни прашања или ви треба помош при изборот слободно може да ме контактирате на tanja@studiomarudi.com или на 075-472-635.

tanja-john
Posted on Leave a comment

КАКО ДА ОДБЕРАМ ФОТОГРАФИИ ЗА ФОТОКНИГА?

Сите сме биле тука – купишта фотографии, сите драги, некои за нијанса подобри од другитe, но  на другите подобро сме испаднале. 

Прашањето е: Кои се најважните? Кои се тие што ќе не вратат во моментот на случувањето откако ќе ги испечатиме во фотокнига?

Често ни изгледа како премногу голема одговoрност, не можеме да одбереме. Оставаме за понатаму. Поминуваат месеци, а разликата е што сега имаме уште повеќе за бирање… нормално… одложуваме повторно.

ТРГНЕТЕ ГО ПРИТИСОКОТ

На крајот од денот, светот ќе продолжи да се врти ако ја одбереме „погрешната“ фотографија. Факт е дека ќе имаме милион нови шанси да ја испечатиме „вистинската“ во случај да се премислиме, дури и откако ќе испечатиме.

Бирањето фотографии е (може да биде) забавна задача!

Знаејќи дека не е така за сите, подготвив мини водич за бирање на фотографии за фотокнига. Прочитајте ги практичните совети и почнете да бирате како професионалец. 

Верувам во вас! 

КОИ ФОТОГРАФИИ СЕ ДОБАР ИЗБОР ЗА АЛБУМ?

Добар квалитет и силна емоција е добитната комбинација. Полесно е да каже отколку да се одбере…Што значи тоа?

ПРОВЕРЕТЕ ЈА РЕЗОЛУЦИЈАТА

Секогаш бирајте ги фотографиите кои имаат повисока резолуција.

Идеално е да одберете фотографии кои имаат најмалку 280dpi за да имате најдобар квалитет на печатот. Фотографиите направени со телефон или преземени од социјалните медиуми може да имаат пониска резолуција. Имајте на ум дека може да добиете предупредување дека сите фотографии со помалку од 150dpi кога ќе се испечатат нема да изгледаат баш добро. 

Кога ви праќаат фотографии користете платформи како Dropbox, Google Drive, Wetransfer, AirDrop и сличнo. Фотографии пратени во порака може да имаат понизок квалитет.

Ви треба помош да ја проверите резолуцијата на вашите фотографии? Разгледајте ја оваа одлична алатка за да бидете сигурни дека вашите фотографии ќе се испечатат беспрекорно.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ МНОГУ ТЕМНИ ФОТОГРАФИИ

Ако субјектот на вашата фотографија е темен, добро е да одберете друга посветла фотографија или да ја осветлите вашата со соодветен софтвер.   Прочитајте го нашиот текст за 10 БЕСПЛАТНИ АЛАТКИ ЗА ОБРАБОТКА НА ФОТОГРАФИИ – 2021 за да добиете корисни совети за нивно подобрување. Темните фотографии ќе се испечатат со помала острина и контраст од она што го гледате на вашиот екран.

ЕМОЦИИ

Секоја фотографија има свое место во албумот, подредете ги така што и најситните детаљи и крупните кадри успешно ќе ја раскажат вашата приказна и ќе ве воведат во емоцијата на мигот.

КОЛКУ ФОТОГРАФИИ ДА ОДБЕРАМ?

Јас сум голем поддржувач, ама гооолем поддржувач на минимализмот во дизајните. Една до две фотографии на страница со бел простор за мене е совршено. 

Зависно од димензијата на фотокнигата може да одберете различни темплејти кои комбинираат различен број на фотографии. При комбинирање фотографии размислувајте дали раскажуваат едно случување, момент или пренесуваат иста порака. 

На пример, ако одберете фотокнига со 86 страници, моја препорака е да подготвите 100-160 фотографии.

Доколку имате дополнителни прашања или ви треба помош при изборот слободно може да ме контактирате на tanja@studiomarudi.com или на 075-472-635.

tanja-john