Еден од најчестите превиди кога се во прашање фотографиите е нивната обработка. Таа е особено важна кога ги припремате фотографиите за печатење. Најпопуларните алатки како Photoshop и Lightroom покрај високата цена, бараат и труд за да се запознаете со околината и да почнете да ги обработувате вашите фотографии.
За среќа постојат бројни бесплатни алатки за обработка на фотографии кои ви се достапни и не бараат преголемо предзнаење за да ги оживеете своите фотографии и да им дадете личен печат.
Без разлика дали сте мама со камера или фото-ентузијаст, вашите фотографии ќе изгледаат далеку подобро ако оберете една од овие 10 бесплатни алатки за обработка на фотографии.
01. ADOBE PHOTOSHOP EXPRESS
02. PIXLR X
03. PHOTOSCAPE X
04. FOTOR
05. BEFUNKY
06. A COLOR STORY
07. SNAPSEED
08. AFTERLIGHT 2
09. REPIX
10. INSTASIZE
01. ADOBE PHOTOSHOP EXPRESS
Adobe Photoshop Express е направена да биде моќна, едноставна и достапна алатка, без разлика на нивото на предзнаење. Со малку играње со базичните алатки ќе можете да правите брзи обработки на вашите омилени фотографии.
Ќе можете да направите корекција на светлото, контрастот, перспективата, сатурацијата на боите, па дури и да вклучите преддефиниран ефект, текст или да креирате колажи.
Супер е што можете да обработувате фотографии од Adobe Creative Cloud, Dropbox, Facebook, or Google Photos. Но уште подобро е што целата обработка е недеструктивна, што значи дека секогаш можете да ја вратите првата верзија на фотографијата.
02. PIXLR X
Еден од најпрепорачуваните софтвери за почетници е Pixlr X кој ги нуди сите основни алатки за брза обработка на фотографии. Може да влијаете на боите, кроп, баласот на боите, како и да избришете несоодветни елементи од фотографијата.
Понапредната верзија Pixlr E нуди повеќе опции за обработка, па откако ќе ја совладате Pixlr X ќе може да се префрлите и да поченете да работите со четки, слоеви и понапредни алатки.
03. PHOTOSCAPE X
PhotoScape X е седмо небо за секој кој сака скоро неограничени можности за обработка на фотографиите со еден клик. Филтри, колажи, ефекти, четки, форми, рамки…што да помислиш PhotoScape X најверојатно го има. Доколку имате бројни фотографии кои сакате наеднаш да ги обработите, оваа апликација нуди можност за групна обработка на фотографии.
А ако ова не ви е доволно, PhotoScape X има и платена верзија со која можете да добиете уште повеќе можности за изразување на вашата креативност.
04. FOTOR
Со долга листа на основни алатки за обработка на вашите фотографии со кои ќе го подобрите севкупниот изглед на вашата фотографија, но и опциите да влијаете на посебни елементи како на пример да избелите заби, Fotor е супер алатка за почетници.
Дополнително има и палета ефекти, стикери, можности за додавање на текст и слично, со што ги одврзува рацете на вашата креативност.
Интересно кај Fotor е тоа што нуди уште две можности – дизајн и колажи, кои имаат бројни готови темплејти за вас да одберете. Со тоа можете да креирате квалитетни дизајни со минимум знаење.
05. BEFUNKY
Едноставен и user-friendly изглед, BeFunky многу наликува на Fotor. Има широка палета на можности за обработка, од најосновните до артистички ефекти и текстури.Исто како Fotor нуди дизајнирање и правење колажи на готови темплејти. Достапен и на десктоп и мобилен, BeFunky има и бесплатна и премиум верзија.
06. A COLOR STORY
Не сакате да ги проучувате опциите за обработка, нема проблем! A Color Story со 100+ фото-ефекти ќе ви стане најдобар сојузник во обработката на фотографиите. Како што кажува името, целта на апликацијата е да ги оживее боите на вашите фотографии за да можат автентично да ја раскажат вашата приказна. Едноставен интерфејс ве води лесно да го постигнете ефектот кој го посакувате.
07. SNAPSEED
Snapseed ви дава контрола над секој аспект од вашата фотографија. Можете да корегирате црвенила, да ја подобрите текстурата на заматена фотографија, на кусо можете да направите многу за своите фотографии.
08. AFTERLIGHT 2
Afterlight 2 има одлични креативни можности, од осветлување-затемнување, заматување и изострување на фотографијата, сатурација и разни ефекти за подобрување на вашите фотографии.
Редновното додавање на новини, филтри, фонтови, рамки е интересна опција која од вас бара еднократна уплата и потоа е ваше да ја пуштите креативноста да лудува
09. REPIX
Одличен за почетници со артистички израз. Едноставните филтри и опции за колор-корекција, избор на четки и рамки кои ги нуди Repix можат да ги претворат вашите фотографии во уметнички дела без многу напор.
10. INSTASIZE
Instasize започна како апликација за додавање на рамки околу фотографиите за да го исполнат бараниот постор на Instagram, а денес е апликација која нуди многу повеќе.
Бројни филтри, колор-корекција, па дури и обработка на видеа се достапни во стандардната верзија. Премиум верзијата секако овозможува уште поголема слобода и уникатни алатки за обработка.
Иако повеќето од овие апликации се одлични за обработка, финалниот резултат не секогаш е подготвен за печат, особено ако фотографиите се зголемуваат за печатање. Не сте сигурни дали вашите фотографии се доволно добри за печатење? Нашиот тим ќе ги провери фотографиите, пред печатење и ќе ве извести доколку забележиме дека резолуцијата не е доволно висока.
Доколку имате дополнителни прашања или ви треба помош при изборот слободно може да ме контактирате на tanja@studiomarudi.com или на 075-472-635.