Posted on

Зошто и како да направите фотокнига со вашите омилени фотографии

Во дигиталната ера, правиме повеќе фотографии од кога било, но дали навистина ги организираме и чувуваме на начин што ќе трае? Со вистинската организација на фотографии и безбедно чувување, можете да осигурите дека вашите најдраги моменти ќе бидат достапни и за идните генерации.

Дигиталните уреди се променливи – телефони се расипуваат, хард дискови се бришат, а облачните сервиси не се секогаш сигурни. Ако сакате вашите најдраги моменти да останат со вас засекогаш, печатењето фотографии е најдобриот начин да ги претворите спомените во нешто опипливо и трајно како фотокнига со омилени фотографии.

персонализиран фотоалбум со традиционални принтови од Марудибукс

Зошто е важно да ги печатите вашите фотографии?

Печатените фотографии не само што носат чувство на топлина и емоција, туку и претставуваат најдобар начин за чување на спомените на долг рок. Организацијата на фотографии и нивното претворање во трајни фотоалбуми или фотокниги е идеален начин да се осигурате дека вашите најдраги моменти ќе останат зачувани за идните генерации. Секое листање низ фотоалбум носи приказни кои оживуваат со секој поглед, потсетувајќи нè на луѓето, местата и моментите кои ни значат. Со внимателна подготовка и правилен избор на фотографии, можете да создадете фотокнига што ќе биде безвременски спомен.

Дигиталните слики се брзи и практични, но нивниот животен век е ограничен. Промената на телефони, загубата на податоци или пренатрупаноста со илјадници фајлови може да ги направи вашите најдрагоцени фотографии недостапни. Печатењето е начин да се осигурате дека вашите спомени нема да исчезнат во дигиталниот хаос.


Како лесно да ги зачувате вашите омилени моменти?

Со MarudiBooks, организирањето и печатењето на вашите најубави фотографии како персонализиран албум – фотобук, никогаш не било полесно. Наместо да ги оставите спомените заклучени во телефонот, можете да ги претворите во прекрасни фотокниги, луксузни албуми или креативни мини-принтови кои ќе го разубават вашиот дом.

✅ Изберете ги најдобрите фотографии

Наместо да ги складирате сите, селектирајте ги оние кои носат најсилни емоции.

✅ Креирајте фотокнига за секоја посебна пригода

Родендени, патувања, венчавки или секојдневни моменти вреди да бидат зачувани.

✅ Не чекајте совршен момент

Вашите фотографии заслужуваат да бидат отпечатени и споделени сега, а не некаде во иднина.

Семејство бира фотографии за фотокнига во Марудибукс

Подгответе ги фотографиите за најдобар резултат

За да добиете најквалитетен принт, важно е вашите фотографии да бидат добро подготвени пред печатење:

📷 Изберете фотографии со висока резолуција

Колку подобар квалитет, толку подобар изглед во печатена форма.

🎨 Подобрете ги сликите

Користете апликации како Lightroom или VSCO за да го прилагодите осветлувањето, контрастот и заситеноста на боите.

Прочитајте кои се 7 најкористени алатки за обработка на фотографии што ќе ви помогнат да го извадите најдоброто од вашите фотографии и да ги подготвите за печатење на вашиот следен фото проект!

🗂 Организирајте ги по теми

Групирајте ги фотографиите во албуми за полесно креирање на фотокниги. Во овој блог пост зборувам за организирање на фотографиите од мобилните телефони, можеби ќе ви олесни.

🔍 Прегледајте ги пред печатење

Проверете ги деталите и осигурајте се дека нема заматени или нискоквалитетни слики, дали текстот секаде е видлив или можеби има некоја печатна грешка.


Како да нарачате персонализирана фотокнига?

Процесот е едноставен:

  1. Одберете го вашиот омилен формат на MarudiBooksфотокнига, Луксбук, постери или мини-принтови. Доколку се прашувате која фотокнига е вистинската за вас прочитајте: Како до совршена фотокнига за вашето семејство.
  2. Поставете ги вашите фотографии во онлајн дизајнерот.
  3. Персонализирајте го изгледот на страниците и додадете наслови.
  4. Прегледајте го финалниот изглед и нарачајте.

✨ Толку е лесно! Вашите најубави моменти ќе бидат зачувани во опиплив формат.

Ако немате време за дизајнирање, пишете ми – јас ќе ја уредам нарачката за вас!

Почнете денес! Не дозволувајте вашите спомени да останат само во дигиталниот свет – направете ги дел од вашето секојдневие.

MarudiBooks – таму каде што спомените оживуваат!

Posted on

Важноста на чувувањето спомени: Создавање фото-книга за првата година на вашето бебе

Како мајка, ја разбирам длабоката важност и тежина кои ги носат спомените. Тие не се само доказ за минатото, туку и врска со иднината.

А има ли подобар начин да ги зачуваме спомените на нашите малечки од фото-книга со нивните најважни фотографии? Тоа е идеален начин да се доживеат одново тие драгоцени моменти и да се зачуваат за цел живот.

фотографии, девојче пеперутка

Ќе ја цитирам Маја Анџелу: „Се радуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги согледуваме промените низ кои поминала за да ја достигне таа убавина“. Истото може да се каже и за нашите малечки. Тие растат и се менуваат толку брзо, пребзо… а фото-книгата за првата година ни овозможува да го уживаме секој скапоцен момент подолго и да ја согледаме трансформацијата од мало пакетче радост во љубопитно мало истражуваче.

Сакам да ви помогнам да создадете прекрасна книга со фотографии за вашето бебе што ќе ја чувате низ годините што доаѓаат. Еве неколку совети како да започнете:

Изберете ги вистинските фотографии:

Изберете ги најдобрите фотографии кои ги доловуваат најважните моменти на вашето бебе. Не мора да ги користите сите фотографии што сте ги направиле, само изберете ги оние што се значајни за вас и кои би биле значајни за вашето малечко.

Процесот на дизајнирање и изработка на оваа фотокнига треба да биде плод на најблиските личности на вашето бебе. Вклучете ги вашиот партнер, како и поблиските личности. Потсетете се заедно на моментите и издвојте ги оние поважните. Можеби некој ќе сака да додаде нешто, да остави некоја порака, која на вашето малечко за години од денес многу ќе му значи.

Кои фотографии да ги вклучите во првата фотокнига на вашето малечко?

Неколку важни моменти кои би можеле да ги вклучите во фото книгата за прва година на вашето бебе може да бидат:

  • Првата ултразвучна слика
  • Труднички фотографии
  • Првата слика во болница
  • Првото гушкање
  • Првото капење
  • Првата насмевка
  • Првото излегување
  • Првата слатка облека
  • Прво превртување
  • Првото забче
  • Првото самостојно застанување
  • Први чекорчиња
  • Првата играчка
  • Првото запознавање со милениче
  • Првиот празник
  • Првата храна
  • Лазење
  • Како седи
  • Првиот одмор
  • Запознавање со поширокото семејство
  • Првиот маскенбал
  • Првата фризура
  • Играње на лулашки или на лизгалка
  • Првата посета на зоолошка градина или аквариум
  • Бебето прв пат носи чевли
  • Првата семејна фотографија
  • Прва роденденска торта
  • Прва роденденска забава

Со вклучување на овие важни моменти во вашата фотокнига, ќе имате уникатен спомен што вие и вашето дете ќе го обожавате. Никако не ги изоставувајте драгите луѓе во животот на детето. Често се случува да се вклучат фотографии исклучиво од бебето, но помислете си и од негова перспектива – кога ќе порасне и ќе ја гледа својата фотокнига сигурно би сакало да го види семејството, другарчињата и останатите драги луѓе кои биле дел од детството на вашето малечко.

Одберете ја вистинската фотокнига:

Добро е да ја одберете вистинската фотокнига која ќе одговара на вашиот стил, број на фотографии кои сакате да бидат вклучени и секако вашиот буџет. Запомнете ова е фотокнига која ја правите еднаш во животот за вашето малечко. Првата година секогаш има најголем број на фотографии кои заслужуваат да бидат испечатени, токму поради промените кои се случуваат на дневна база.

Препорачувам да креирате Марудибук со 19х19см за првата година на бебето. Овие фото-книги имаат до 116 страници, што треба да биде повеќе од доволно за прво да се зачува секоја скапоцена фотографија.

Можете да го изберете и Луксбукот – премиум фото албум со дебели страници кои даваат луксузен изглед. Има тврд повез и архивски квалитет, што го прави совршен за зачувување на помал број внимателно одбрани спомени за генерациите што доаѓаат.

Додајте ги фотографиите од вашето бебе од вашите уреди, Facebook албуми или Instagram во Вируелниот дизајнер на MarudiBooks за да можете да започнете да ја креирате вашата фото-книга или контактирајте ме за да ја уредам јас за вас.

Организирајте ги вашите фотографии:

Подредете ги вашите фотографии така што ќе раскажуваат приказна. Поделете ја вашата фото-книга во поглавја според пресвртниците на вашето бебе, како што се првата насмевка, првите чекори или првите зборови или пак хронолошки – пр. по месеци.

Изберете го вистинскиот дизајн:

Изберете дизајн што ги надополнува вашите фотографии. Во Marudibooks, нудиме широк спектар на минималистички шаблони и бројни фонтови за да добиете дизајн кој ќе го издржи тестот на времето.

Додавање текст:

Вклучете наслови или куси текстови за да им дадете контекст на вашите фотографии. Запишете го датумот, локацијата и сите други важни детали што сакате да ги запомните.

Персонализирајте ја вашата фото-книга:

Направете ја вашата книга навистина уникатна со додавање на името на вашето бебе, детали за раѓање, куси потсетници на настаните или специјална порака до вашето дете.

Бидете креативни:

Не плашете се да додадете креативни додатоци. Фотографиите не мора да се само од вашето бебе, вклучете ги бебешките уметнички дела, детали од бебешката соба, фотографија од нараквиците од болница или омилената комбинација на алишта за шетање и слично.

Едноставноста е безвременска:

Запомнете, најважно е да ги доловите драгоцените моменти на вашето бебе. Немојте да трошите драгоцено време со перфекционизам во потрага по совршенство. Убавината на фото книгата за бебиња е во нејзините несовршености и искреноста на спомените што ги доловува.

Првите моменти на секое бебе заслужуваат достојно да се зачуваат, тоа е една од главните причини зошто го основав Марудибукс по долги години работење како семеен фотограф. Се надевам дека овие совети ќе ве инспирираат да создадете прекрасна фото-книга за првата година на вашето бебе што ќе ви носи радост низ годините што доаѓаат.

Не потпирајте се на дигитални уреди за да ги зачувате вашите фотографии безбедни, извадете ги од нив и испечатете ги. И уште поважно – не им ја намалувајте вредноста на секојдневните, спонтани фотографии. Ветувам не е потребно да изгледаат исто како оние на совршените инста профили. Вашите фотографии, фотографиите на вашето малечко, на вашето семејство се совршени баш онакви како што се! Можеби се недоволно добро осветлени, малку матни, или можеби не сте ускладени со облеките, без фризура и шминка. Сепак, тие се скапоцен доказ за сите промени кои ги дожевеавте во годината која ја документирате за да се достигне убавината на пеперутката. Почнете да ја креирате годишната фото-книгата за вашето малечко со МарудиБукс уште денес.