Posted on

7 Најкористени алатки за обработка на фотографии (2025)

Обработката на фотографии е клучен чекор кога сакате да ги зачувате најважните моменти од вашиот живот. Со толку многу бесплатни алатки за обработка на фотографии, сега можете да ги направите вашите слики изгледаат професионално и подготвени за печатење без да потрошите многу време или пари. Без разлика дали се работи за фотографии од вашиот последен одмор или важен настан, овие бесплатни алатки ќе ви помогнат да ги уредите вашите фотографии како вистински професионалци.

Прочитајте кои се 7 најкористени алатки за обработка на фотографии што ќе ви помогнат да го извадите најдоброто од вашите фотографии и да ги подготвите за печатење на вашиот следен фото проект!

Алатка за обработка на фотографии на мобилен телефон

1. Adobe Lightroom: Напредна алатка за обработка на фотографии

Најдобра за: Професионални фотографи и ентузијасти кои бараат напредни опции за обработка на фотографии.

Adobe Lightroom е совршена за сите кои бараат детална контрола над секој аспект на своите слики. Со функции за прилагодување на осветленоста, контрастот и боите, Lightroom е моќна алатка која ќе ви помогне да ги оптимизирате вашите фотографии за печатење.

2. Snapseed: мобилна алатка за лесна обработка на фотографии

Најдобра за: Корисници кои сакаат моќни алатки за уредување на мобилен телефон.

Snapseed е одлична за брза и ефикасна обработка на фотографии. Со алатката “Selective Adjust” можете да прилагодите специфични области на фотографијата без да ги промените другите делови.

3. Canva: како да креирате персонализирани дизајни бесплатно

Најдобра за: Корисници кои сакаат лесно да создадат графички дизајни и колажи.

Canva не е само за графички дизајн, туку и за уредување на фотографии. Со голема библиотека на шаблони, можете лесно да креирате дизајни кои изгледаат како направени од професионалец.

4. GIMP: бесплатна алтернатива на Photoshop

Најдобра за: Почетници и напредни корисници кои бараат бесплатна и флексибилна алатка за уредување.

GIMP е одличен избор за корисници кои сакаат напредни алатки, но не сакаат да плаќаат високи лиценци. Оваа бесплатна алатка нуди моќни функции како слоеви и маски, што ви овозможува детална обработка на фотографиите.

5. Fotor: Едноставен онлајн уредувач за вашите фотографии

Најдобра за: Корисници кои сакаат брзо и лесно да применат ефекти и филтри.

Fotor е многу лесен за употреба и нуди многу алатки за брзо уредување. Ако сакате да примените филтри и ефекти на фотографиите, оваа алатка е идеална за вас. Таа исто така овозможува HDR обработка, што го подобрува балансот на светли и темни тонови.

6. Pixlr X: Уредувајте фотографии брзо и лесно

Најдобра за: Корисници кои сакаат брзо да уредуваат фотографии без потреба од инсталација.

Pixlr X е онлајн алатка за обработка на фотографии, лесна за употреба и нуди широк спектар на функции. Со алатката AI Cutout можете да ги отстраните позадините од фотографиите и да создадете слики со транспарентност.

7. PhotoScape X: Сеопфатна бесплатна алатка за обработка на фотографии

Најдобра за: Корисници кои бараат сеопфатна алатка за различни потреби во обработката на фотографии.

PhotoScape X е сеопфатна алатка за обработка на фотографии што овозможува да создавате колажи, анимации и да обработувате фотографии. Со групната обработка на фотографии, ќе заштедите време ако имате повеќе слики за уредување.


Што потоа?

Совети за подготовка на фотографиите за печатење со висок квалитет

Подготовката на фотографиите за печатење бара внимателно уредување. Следете ги овие совети за да осигурите дека вашите фотографии ќе изгледаат одлично при печатење:

  1. Резолуција: Осигурете се дека вашите фотографии имаат висока резолуција (најмалку 300 DPI или максимален квалитет кој го овозможува апликацијата) за да избегнете пикселизација(заматено печатење).
  2. Осветленост и контраст: Прилагодете ги овие параметри за да осигурите дека сите детали во сликата се јасно видливи. Имајте на ум, печатените фотографии се за нијанса потемни од кога ги гледаме на екран.
  3. Острина: Применете умерено изострување за да ги нагласите деталите, но внимавајте да не претерате – не повеќе од 10-20%.


Зачувајте ги вашите грижливо обработени фотографии!

Откако ќе ги уредите вашите фотографии, време е да ги претворите во нешто повеќе – како што се висококвалитетните персонализирани фотокниги на Марудибукс.

Posted on

Како да одберете интересен подарок за вселување?

podarok-za-vseluvanje-vramen poster od MarudiBooks

Едно од највозбудливите искуства во живтотот е вселувањето во нов дом. Тоа е нов почеток, празно платно кое чека да биде исполнето со љубов, смеа и спомени. Ако некој близок од вашите слави ваков важен момент, внимателно одбран подарок за вселување може да го направи новиот простор уште потопол и попријатен.

Верувам дека најдобрите подароци не се само убави, туку и значајни – мали богатства кои носат радост секој ден. Еве неколку инспиративни идеи за подарок за вселување кои одат подалеку од обичното и додаваат сентимент на нивниот нов простор.


Идеи за совршени подароци за вселување

Вселувањето, иако возбудливо, секогаш носи многу предизвици. Подарокот кој е внимателно одбран – без разлика колку е голем или мал – може да внесе радост и топлина во новиот дом. Од практични решенија до емотивни спомени, секој подарок може да стане дел од приказната на новото огниште.


1. Персонализирана фотокнига

Секој дом раскажува приказна, а персонализираната фотокнига е совршен начин да ја споделите нивната. Без разлика дали е тоа збирка фотографии од нивното преселување, прослави или патувачки авантури, овој подарок гордо ќе стои на нивната масичка за кафе како прекрасен украс и драгоцен спомен.

Совет: Фокусирајте се на одредена тема за да создадете кохезивен изглед, како значајни моменти, омилени места или ретроспектива од годината.


podarok za vseluvanje-cvekje

2. Цвеќе

Цвеќињата се безвременски начин да внесете живот и убавина во секој дом. Изберете долготрајни цвеќиња или дури и суви аранжмани за подарок кој ќе трае со недели.

Саксиските растенија додаваат топлина, свежина и допир на природа во секоја просторија, а ако добро се грижат за нив – тие се подарок кој останува засекогаш. Изберете растенија кои лесно се одржуваат, како Замија или Потос.

Ќе добиете екстра поени ако го комбинирате со стилска вазна, односно декоративна саксија која ќе можат повторно да ја користат!

Совет: Вклучете мала картичка со инструкции за грижа – совршено за почетници во светот на растенијата!


3. Фото постери за ѕид

Додадете карактер на новиот дом со голем фото постер или колекција од мали фотографии како мини галерија. Постерите со фотографии од омилени дестинации, заеднички моменти или природа создаваат уникатна атмосфера.

Совет: Земете го предвид нивниот стил на декор при изборот на бои и рамки за да се вклопи во амбиентот на нивниот нов дом.


4. Меко ќебенце за софа

Нема ништо поубаво од топло и меко ќебе по долг ден. Изберете ќебе во неутрална боја или модерен дезен кое ќе одговара на нивниот дневен простор. Ова е совршен спој на практично и луксузно.

Совет: Одберете материјали со висок квалитет, како органски памук или волна, за дополнителна удобност и издржливост.


5. Миризливи свеќи или дифузери

Создајте пријатна атмосфера во нивниот нов дом со прекрасни мириси. Изберете свеќи со природни и смирувачки мириси, како лаванда, ванила или еукалиптус. Дифузерите се исто така одлична опција за простории каде отворен пламен не е идеален.

Совет: Побарајте стилски држачи за свеќи или дифузери кои можат да послужат и како декоративни предмети.


6. Персонализирани календари

Персонализираниот календар од Marudibooks е подарок кој трае повеќе од цела година. Со фотографии од незаборавни моменти за секој месец, календарот ќе биде секојдневно потсетување на убавите времиња, а откако ќе помине годината може да си ги отсечат фотографиите и да ги зачуваат во семејниот албум.

Совет: Дизајнирајте календар кој почнува од било кој месец – нема потреба да чекате јануари!


7. Почетен сет за кујна

Сет за кујна, како дрвени прибор, елегантна даска за сечење, книга со рецепти или висококвалитетен сет зачини, е практичен, но и внимателен подарок. Овие основни предмети ќе им бидат корисни додека создаваат нови спомени во нивниот нов простор.

Совет: За посебен допир, додадете рачно напишана картичка со еден од вашите омилени рецепти.


Подарокот за вселување не е само предмет – тој е израз на радост, удобност и внимание. Со овие идеи, сигурно ќе пронајдете совршен начин да го прославите ова возбудливо ново поглавје.

Во MarudiBooks, секој подарок е создаден со љубов за да ги слави животните моменти. Без разлика дали е тоа персонализирана фотокнига или креативен и уникатен подарок, тука сум за да помогнам нивниот подарок за вселување да биде незаборавен.

Подготвени сте креирате подарок за вселување со MarudiBooks?

Експериментирајте со алатките и шаблоните во Маруди Дизајнерот за да ја оживеете вашата визија!

Posted on

Важноста на чувувањето спомени: Создавање фото-книга за првата година на вашето бебе

Како мајка, ја разбирам длабоката важност и тежина кои ги носат спомените. Тие не се само доказ за минатото, туку и врска со иднината.

А има ли подобар начин да ги зачуваме спомените на нашите малечки од фото-книга со нивните најважни фотографии? Тоа е идеален начин да се доживеат одново тие драгоцени моменти и да се зачуваат за цел живот.

фотографии, девојче пеперутка

Ќе ја цитирам Маја Анџелу: „Се радуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги согледуваме промените низ кои поминала за да ја достигне таа убавина“. Истото може да се каже и за нашите малечки. Тие растат и се менуваат толку брзо, пребзо… а фото-книгата за првата година ни овозможува да го уживаме секој скапоцен момент подолго и да ја согледаме трансформацијата од мало пакетче радост во љубопитно мало истражуваче.

Сакам да ви помогнам да создадете прекрасна книга со фотографии за вашето бебе што ќе ја чувате низ годините што доаѓаат. Еве неколку совети како да започнете:

Изберете ги вистинските фотографии:

Изберете ги најдобрите фотографии кои ги доловуваат најважните моменти на вашето бебе. Не мора да ги користите сите фотографии што сте ги направиле, само изберете ги оние што се значајни за вас и кои би биле значајни за вашето малечко.

Процесот на дизајнирање и изработка на оваа фотокнига треба да биде плод на најблиските личности на вашето бебе. Вклучете ги вашиот партнер, како и поблиските личности. Потсетете се заедно на моментите и издвојте ги оние поважните. Можеби некој ќе сака да додаде нешто, да остави некоја порака, која на вашето малечко за години од денес многу ќе му значи.

Кои фотографии да ги вклучите во првата фотокнига на вашето малечко?

Неколку важни моменти кои би можеле да ги вклучите во фото книгата за прва година на вашето бебе може да бидат:

  • Првата ултразвучна слика
  • Труднички фотографии
  • Првата слика во болница
  • Првото гушкање
  • Првото капење
  • Првата насмевка
  • Првото излегување
  • Првата слатка облека
  • Прво превртување
  • Првото забче
  • Првото самостојно застанување
  • Први чекорчиња
  • Првата играчка
  • Првото запознавање со милениче
  • Првиот празник
  • Првата храна
  • Лазење
  • Како седи
  • Првиот одмор
  • Запознавање со поширокото семејство
  • Првиот маскенбал
  • Првата фризура
  • Играње на лулашки или на лизгалка
  • Првата посета на зоолошка градина или аквариум
  • Бебето прв пат носи чевли
  • Првата семејна фотографија
  • Прва роденденска торта
  • Прва роденденска забава

Со вклучување на овие важни моменти во вашата фотокнига, ќе имате уникатен спомен што вие и вашето дете ќе го обожавате. Никако не ги изоставувајте драгите луѓе во животот на детето. Често се случува да се вклучат фотографии исклучиво од бебето, но помислете си и од негова перспектива – кога ќе порасне и ќе ја гледа својата фотокнига сигурно би сакало да го види семејството, другарчињата и останатите драги луѓе кои биле дел од детството на вашето малечко.

Одберете ја вистинската фотокнига:

Добро е да ја одберете вистинската фотокнига која ќе одговара на вашиот стил, број на фотографии кои сакате да бидат вклучени и секако вашиот буџет. Запомнете ова е фотокнига која ја правите еднаш во животот за вашето малечко. Првата година секогаш има најголем број на фотографии кои заслужуваат да бидат испечатени, токму поради промените кои се случуваат на дневна база.

Препорачувам да креирате Марудибук со 19х19см за првата година на бебето. Овие фото-книги имаат до 116 страници, што треба да биде повеќе од доволно за прво да се зачува секоја скапоцена фотографија.

Можете да го изберете и Луксбукот – премиум фото албум со дебели страници кои даваат луксузен изглед. Има тврд повез и архивски квалитет, што го прави совршен за зачувување на помал број внимателно одбрани спомени за генерациите што доаѓаат.

Додајте ги фотографиите од вашето бебе од вашите уреди, Facebook албуми или Instagram во Вируелниот дизајнер на MarudiBooks за да можете да започнете да ја креирате вашата фото-книга или контактирајте ме за да ја уредам јас за вас.

Организирајте ги вашите фотографии:

Подредете ги вашите фотографии така што ќе раскажуваат приказна. Поделете ја вашата фото-книга во поглавја според пресвртниците на вашето бебе, како што се првата насмевка, првите чекори или првите зборови или пак хронолошки – пр. по месеци.

Изберете го вистинскиот дизајн:

Изберете дизајн што ги надополнува вашите фотографии. Во Marudibooks, нудиме широк спектар на минималистички шаблони и бројни фонтови за да добиете дизајн кој ќе го издржи тестот на времето.

Додавање текст:

Вклучете наслови или куси текстови за да им дадете контекст на вашите фотографии. Запишете го датумот, локацијата и сите други важни детали што сакате да ги запомните.

Персонализирајте ја вашата фото-книга:

Направете ја вашата книга навистина уникатна со додавање на името на вашето бебе, детали за раѓање, куси потсетници на настаните или специјална порака до вашето дете.

Бидете креативни:

Не плашете се да додадете креативни додатоци. Фотографиите не мора да се само од вашето бебе, вклучете ги бебешките уметнички дела, детали од бебешката соба, фотографија од нараквиците од болница или омилената комбинација на алишта за шетање и слично.

Едноставноста е безвременска:

Запомнете, најважно е да ги доловите драгоцените моменти на вашето бебе. Немојте да трошите драгоцено време со перфекционизам во потрага по совршенство. Убавината на фото книгата за бебиња е во нејзините несовршености и искреноста на спомените што ги доловува.

Првите моменти на секое бебе заслужуваат достојно да се зачуваат, тоа е една од главните причини зошто го основав Марудибукс по долги години работење како семеен фотограф. Се надевам дека овие совети ќе ве инспирираат да создадете прекрасна фото-книга за првата година на вашето бебе што ќе ви носи радост низ годините што доаѓаат.

Не потпирајте се на дигитални уреди за да ги зачувате вашите фотографии безбедни, извадете ги од нив и испечатете ги. И уште поважно – не им ја намалувајте вредноста на секојдневните, спонтани фотографии. Ветувам не е потребно да изгледаат исто како оние на совршените инста профили. Вашите фотографии, фотографиите на вашето малечко, на вашето семејство се совршени баш онакви како што се! Можеби се недоволно добро осветлени, малку матни, или можеби не сте ускладени со облеките, без фризура и шминка. Сепак, тие се скапоцен доказ за сите промени кои ги дожевеавте во годината која ја документирате за да се достигне убавината на пеперутката. Почнете да ја креирате годишната фото-книгата за вашето малечко со МарудиБукс уште денес.

Posted on

ЗОШТО МОРА ДА ГИ ИСПЕЧАТИТЕ ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ?​

Се сеќавам како дете, кај баба ми на гости наидов на стари албуми. Држејќи ги старите фотографии во моите раце, почувствував како да се враќам назад во времето. Иако баба ми не се сеќаваше на сите ликови на фотографиите, секоја една од нив имаше своја посебна приказна. Со нејзините зборови ме враќаше назад во нејзината младост, и тој ден почнав да ја разбирам многу полесно таа жена која е толку различна од мене. Чудесен е тој времеплов кој го доживуваме со сите сетила кога гледаме стари фотографии.

Живеејќи во дигитална ера имаме слобода да направиме илјадници фотографии и сите наши драги настани да останат “живи” засекогаш. Но, кога последен пат ги испечативте своите омилени фотографии?

Иако сум фотограф, мислам дека има поминато преку година, од последиот пат кога испечатив неколку фотографии. А имам премногу кои ги обожавам толку, да ги имам при рака би ги листала секое утро додека си пијам кафе.

Верувам сте слушнале милион пати дека е многу важно да се печатат фотографиите, но дали знаете ЗОШТО?

КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ ВАШИОТ ИЗБОР?​

1. ТЕХНОЛОГИЈАТА Е НЕПОСТОЈАНА

Сите сме биле во ситуација или познаваме најмалку еден човек на кој му се случило да му „цркне“ телефон, хард диск или слично. Зачувувањето на клауд е доста добро решение, но со време може да стане и скапо за да се оддржи. Од друга страна доколку си ги чувате печатените фотографии или фотобукови на суво место и настрана од директна светлина тие сигурно ќе ги прераскажуваат вашите приказни долго по вас. 

2. JPG/JPEG ФАЈЛОВИТЕ СЕ РАСИПУВААТ

Да! Има голема веројатност да си изгубите многу фотографии кои најчесто уредите ги зачувуваат како .jpg/.jpeg сте си ги зачувале “безбедно” на компјутер. Овие формати сами од себе со текот на времето можат да се расипат и да е невозможно да ги отворите. Со самото преснимување, отворање и прегледување квалитетот опаѓа. Затоа печатете ги додека се “свежи“.

3. ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ОДЛИЧЕН УКРАС

Нема ништо побаво од прегледување на драги фотографии. Правете селекција на најомилените фотографии барем еднаш до два пати годишно и врамете си ги, менувајќи ги старите со нови спомени. Направете фото ѕид кој ќе ја раскаже вашата животна приказна. А останатите испечатете ги како фотобук кој ќе ви стои при рака, за да можете да им се радувате или да им се пофалите на пријателите колку убаво сте си поминале на патување или колку ви била забавна годината со сите згоди и незгоди на вашето бебенце.

“Фотографирањето е начин на чувствување, на допирање, на љубење. Она што си го фатил на филм останува заробено засекогаш…Тоа се сеќава на мали работи, долго откако ти ќе заборавиш сé.”

– Арон Сискинд

4. ВАШИТЕ ДЕЦА, НО И ВАШИТЕ ВНУЦИ И ПРАВНУЦИ ЌЕ ВИ БИДАТ БЛАГОДАРНИ

Нема поскапоцено нешто од спомените. Тие се нашето јадро, нашата приказна, нашето зошто. Присетете се на моментите кога вие сте ги листале албумите на вашите родители, баба и дедо и што тоа разбудило во вас. 

Замислето го ликот на вашето малечко кога ќе порасне и заедно ќе седнете да ги разгледате вашите први спомени, почетокот на приказната на вашето малечко. Сите ваши емоции преточени во фотобук како сведоштво за сета љубов и радост. 

Има доста алакти за организација на фотографии, кои можат значително да ви го олеснат животот. Иако секогаш организирањето на фотографии го доживуваме како мачна обврска, кога ќе почнете со чепкање низ спомените, нема да сакате да застанете. 

Одвојте по неколку часа дневно или неделно, како ви дозволува времето, и посветете се на сортирање на вашите омилени фотографии. Традиционална опција е да се испечатат фотографиите една по една да се редат во фолиите од фото албум (ако си имате толку трпение браво за вас, јас никако да се решам). За среќа денес постојат печатени фотобукови со извонреден квалитет кои се издржливи и долготрајни, а најдоброто од се е што може да се нарачаат со персонализиран дизајн. Нешто нежнo и пастелно за вашето новороденче или шарено и шашаво за вашето детенце кое ужива во игрите и невините “бељи”.

Пишете ми слободно за каква помош и да ви треба околу вашите фотографии и со задоволство ќе ви помогнам. 

За инспирација ви препорачувам да ги разгледате моите фотобукови, кои се надевам ќе ве поттикнат конечно да им се посветите на вашите спомени онака како што вистински заслужуваат.

Posted on

10 БЕСПЛАТНИ АЛАТКИ ЗА ОБРАБОТКА НА ФОТОГРАФИИ – 2021

Еден од најчестите превиди кога се во прашање фотографиите е нивната обработка. Таа е особено важна кога ги припремате фотографиите за печатење. Најпопуларните алатки како Photoshop и Lightroom покрај високата цена, бараат и труд за да се запознаете со околината и да почнете да ги обработувате вашите фотографии.

За среќа постојат бројни бесплатни алатки за обработка на фотографии кои ви се достапни и не бараат преголемо предзнаење за да ги оживеете своите фотографии и да им дадете личен печат.

Без разлика дали сте мама со камера или фото-ентузијаст, вашите фотографии ќе изгледаат далеку подобро ако оберете една од овие 10 бесплатни алатки за обработка на фотографии. 

01. ADOBE PHOTOSHOP EXPRESS

02. PIXLR X

03. PHOTOSCAPE X

04. FOTOR

05. BEFUNKY

06. A COLOR STORY

07. SNAPSEED

08. AFTERLIGHT 2

09. REPIX

10. INSTASIZE

01. ADOBE PHOTOSHOP EXPRESS

Adobe Photoshop Express е направена да биде моќна, едноставна и достапна алатка, без разлика на нивото на предзнаење. Со малку играње со базичните алатки ќе можете да правите брзи обработки на вашите омилени фотографии. 

Ќе можете да направите корекција на светлото, контрастот, перспективата, сатурацијата на боите, па дури и да вклучите преддефиниран ефект, текст или да креирате колажи.

Супер е што можете да обработувате фотографии од Adobe Creative Cloud, Dropbox, Facebook, or Google Photos. Но уште подобро е што целата обработка е недеструктивна, што значи дека секогаш можете да ја вратите првата верзија на фотографијата.

02. PIXLR X

Еден од најпрепорачуваните софтвери за почетници е Pixlr X кој ги нуди сите основни алатки за брза обработка на фотографии. Може да влијаете на боите, кроп, баласот на боите, како и да избришете несоодветни елементи од фотографијата.

Понапредната верзија Pixlr E нуди повеќе опции за обработка, па откако ќе ја совладате Pixlr X ќе може да се префрлите и да поченете да работите со четки, слоеви и понапредни алатки.

03. PHOTOSCAPE X

PhotoScape X е седмо небо за секој кој сака скоро неограничени можности за обработка на фотографиите со еден клик. Филтри, колажи, ефекти, четки, форми, рамки…што да помислиш PhotoScape X најверојатно го има. Доколку имате бројни фотографии кои сакате наеднаш да ги обработите, оваа апликација нуди можност за групна обработка на фотографии.

А ако ова не ви е доволно, PhotoScape X има и платена верзија со која можете да добиете уште повеќе можности за изразување на вашата креативност.

04. FOTOR

Со долга листа на основни алатки за обработка на вашите фотографии со кои ќе го подобрите севкупниот изглед на вашата фотографија, но и опциите да влијаете на посебни елементи како на пример да избелите заби, Fotor е супер алатка за почетници.

Дополнително има и палета ефекти, стикери, можности за додавање на текст и слично, со што ги одврзува рацете на вашата креативност.

Интересно кај Fotor е тоа што нуди уште две можности – дизајн и колажи, кои имаат бројни готови темплејти за вас да одберете. Со тоа можете да креирате квалитетни дизајни со минимум знаење.

05. BEFUNKY

Едноставен и user-friendly изглед, BeFunky многу наликува на Fotor. Има широка палета на можности за обработка, од најосновните до артистички ефекти и текстури.Исто како Fotor нуди дизајнирање и правење колажи на готови темплејти. Достапен и на десктоп и мобилен, BeFunky има и бесплатна и премиум верзија.

06. A COLOR STORY

Не сакате да ги проучувате опциите за обработка, нема проблем!  A Color Story со 100+ фото-ефекти ќе ви стане најдобар сојузник во обработката на фотографиите. Како што кажува името, целта на апликацијата е да ги оживее боите на вашите фотографии за да можат автентично да ја раскажат вашата приказна. Едноставен интерфејс ве води лесно да го постигнете ефектот кој го посакувате.

07. SNAPSEED

Snapseed ви дава контрола над секој аспект од вашата фотографија. Можете да корегирате црвенила, да ја подобрите текстурата на заматена фотографија, на кусо можете да направите многу за своите фотографии.

08. AFTERLIGHT 2

Afterlight 2 има одлични креативни можности, од осветлување-затемнување, заматување и изострување на фотографијата, сатурација и разни ефекти за подобрување на вашите фотографии. 

Редновното додавање на новини, филтри, фонтови, рамки е интересна опција која од вас бара еднократна уплата и потоа е ваше да ја пуштите креативноста да лудува 

09. REPIX

Одличен за почетници со артистички израз.  Едноставните филтри и опции за колор-корекција, избор на четки и рамки кои ги нуди Repix можат да ги претворат вашите фотографии во уметнички дела без многу напор.

10. INSTASIZE

Instasize започна како апликација за додавање на рамки околу фотографиите за да го исполнат бараниот постор на Instagram, а денес е апликација која нуди многу повеќе.

Бројни филтри, колор-корекција, па дури и обработка на видеа се достапни во стандардната верзија. Премиум верзијата секако овозможува уште поголема слобода и уникатни алатки за обработка.

Иако повеќето од овие апликации се одлични за обработка, финалниот резултат не секогаш е  подготвен за печат, особено ако фотографиите  се зголемуваат за печатање. Не сте сигурни дали вашите фотографии се доволно добри за печатење?  Нашиот тим ќе ги провери фотографиите, пред печатење и ќе ве извести доколку забележиме дека резолуцијата не е доволно висока. 

Доколку имате дополнителни прашања или ви треба помош при изборот слободно може да ме контактирате на zdravo@marudibooks.com .